Зошто паметните жени одбираат лоши момци и покрај тоа што знаат дека грешат?
Честопати се поставува следново прашање: Зошто толку многу паметни, успешни и привлечни жени одбираат лоши момци или алфа мажи? Со други зборови, зошто жените со неверојатен потенцијал кои можат да најдат прекрасен маж, се саботираат себеси и прават толку лоши избори?
Алфа мажот е водач на групата. Тој е мотивиран и многу добро знае кој е и што сака. Тој поседува вистинска мажествена енергија, па не е ни чудо што им е толку привлечен на жените. Лошата страна на алфа мажите е тоа што понекогаш знаат да бидат нарцисоидни, бесчувствителни, љубоморни, заповеднички настроени, напорни, па дури и насилни во одредени случаи. Проблемот во врските со ваквиот тип мажи е тоа што тие се неверни, бидејќи постојат многу жени што реагираат примитивно на нивната мажествена енергија, па така тие имаат многу достапни избори.
Иако алфа мажите знаат како да се справат со силните жени, тие истовремено се и големи прељубници и вербални и емоционални насилници. Многу паметни и успешни жени се соочуваат со овој проблем, па затоа време е да дознаеме која е причината за неговата појава.
За почеток, овие паметни жени живеат верувајќи во една лажна претпоставка која ги саботира нивните љубовни врски и тоа ќе продолжи се додека не ја сменат. Силните жени треба да престанат да се идентификуваат како алфа жени, бидејќи тоа може да биде многу опасно.
Овие жени развиле стратегија за прилагодување и таа станала нивен идентитет. Кога би биле искрени, тие би морале да признаат дека понекогаш се чувствуваат апсолутно слободни, полетни и женствени, но ова се особините од кои жените најмногу се плашат. Сигурно идентитетот на алфа жени им донел голем успех повеќе пати, но тој истовремено им предизвикал и огромни проблеми во врските со мажите.
Лошото однесување на мажите се јавува како негативна последица од идентитетот што жените си го припишуваат себеси. Мажите чии повремени потреби за женственост не се исполнети во врската, почнуваат да ги бараат на друго место на тој начин што изневеруваат, исчезнуваат или раскинуваат.
Освен тоа, мажите кои чувствуваат дека постојано мора да се борат со алфа жените, решаваат да се однесуваат по малку лошо со нивните партнерки за да одржат рамнотежа и да си ја повратат моќта во врската. Поради фактот што на мажите потешко им оди изразувањето емоции, тие почнуваат да покажуваат знаци на агресија.
Секако дека тоа не ги оправдува нивните постапки, но мора да се согласите дека до некаде се разбирливи и очекувани, ако ги погледнете работите од нивна перспектива. Вашите верувања, навики и постапки имаат огромно влијание на љубовните врски што ги градите. Идејата на жените да бидат со алфа маж за да си ја разбудат женственоста е најлошата идеја што интелигентните и привлечните жени некогаш ја добиле.
Па, зошто оваа идеја е толку лоша? Не може да очекувате од некој друг да ви ја врати женственоста, бидејќи лесно можете сами да воспоставите врска со вашата женственост ако се обидете. Задачата на партнерот не е да разбуди некоја ваша страна туку да ви го надополни веќе исполнетиот живот.
Во продолжение дознајте и зошто жените избираат погрешни мажи.