Зошто обратната диета е моментално најпопуларна во светот? Јадете сè, а килограмите исчезнуваат
Оваа диета е создадена од фитнес-инструкторката Софија Ален. На овој начин, ќе изгубите тежина на сосема природен начин, без да чувствувате глад.
Трикот е во тоа што треба да започнете да правите дефицит на калории. Така, намалете ги оброците за 200 калории во првата недела, потоа за уште 200 во текот на следната недели и така сè додека не стигнете до 1 400 калории во текот на денот. Исто така, постепено воведувајте физичка активност.
Ова е единствениот начин да изгубите тежина без да почувствувате дека сте на диета.
Што кога ќе ја достигнете посакуваната тежина?
По губењето на вишокот килограми, сите се плашат од јо-јо ефектот и од враќањето на исхраната на која се навикнати. За тежината да остане непроменета, применете го истото правило, но сега наместо да ги намалувате, постепено зголемувајте ги калориите. Ќе можете да имате 3 оброци и десерт, а килограмите нема да се вратат.
Идејата е полека да ги враќате калориите во вашиот живот. Започнете со внесување плус 100-200 калории ако досега сте внесувале 1 400 калории. Внесете 1 600 во првата недела, потоа 1 700 во следната и така постепено зголемувајте го бројот на калории, сè додека не стигнете до 2 000 калории на ден.
„Секоја недела јадете сè повеќе и повеќе. Сè уште ќе имате дефицит на калории, но постепено ќе го навикнувате вашето тело на понормална исхрана. Во комбинација со редовна физичка активност, ова ќе ве подготви за правилен начин на исхрана и ќе ви овозможи да ги задржите резултатите“, вели таа.
Предлог-менито на Софија изгледа вака:
Појадок: кафе, омлет од белка и зеленчук, авокадо
Ручек: салата од пилешко, тиква, семки од тиква, раштика и моркови
Вечера: мелено говедско месо со мексикански зачини, тиквички, печурки и растително сирење, послужено во тортилја од пченка
Десерт: Палачинка од белка со банана, цимет и шумско овошје
Погледнете ја оваа јапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две недели.