Зошто независните жени за многумина се како трн во око?

Зошто независните жени за многумина се како трн во око?

Не е лесно да се биде жена, но уште потешко е да се биде независна, борбена и амбициозна жена што знае што сака во животот и како истото да го добие. Таа нема потреба да се потпре на никој бидејќи верува во своите способности и знае дека може да успее и самата. Ова се добри карактеристики што секој би ги посакал, се согласувате? Тогаш што е тоа што ги прави независните жени посебни и на кој начин оваа карактеристика им носи лоша репутација кај луѓето околу нив?

Зошто независните жени за многумина се како трн во око?

1. Тие не бараат дозвола. Вие едноставно не сте им потребни за да им кажувате дали нешто е во ред или не. Тие си имаат свои правила до кои си се придржуваат и ништо друго не ги интересира.

2. Тие не се плашат да имаат свое мислење. Независните жени имаат независни мисли. Тие ја имаат најголемата слобода од сите – слободен ум! Затоа и ретко кој може да им го „испере“ мозокот и да ги натера на нешто што всушност тие не сакаат да го направат.

3. Тие не го бараат вашето одобрување. Тие имаат висока самодоверба и не се потпираат на никој друг, бидејќи сета стабилност ја добиваат од најсилното место – од самите себеси!

4. Тие не се плашат да уживаат во својата слава. Независните жени не се кријат зад маската на лажна скромност. Тие едноставно нема да ги вкрстат рацете и да се преправаат дека не се горди на своите постигнувања.

5. Тие застрашуваат наместо да бидат застрашени. Не стравуваат од хиерархија и знаат дека единствената причина за плашење е физичката опасност. Во спротивно, бестрашни се!

6. Тие немаат потреба од партнер. Дури и кога се заљубени, тие се во врската затоа што го сакаат тоа, а не затоа што имаат потреба од личност крај себе. Тоа е најчистата љубов што постои.

7. Тие не сакаат да ви се допаѓаат. Независните, отворените и паметните жени знаат дека не можат да им се допаѓаат на сите и за разлика од повеќето, воопшто не се грижат на оваа тема. Нивното мислење е тоа што најмногу го ценат, па затоа и се незапирливи во секој поглед.

Прочитајте ги и овие 7 работи кои ќе ги разберат само независните жени!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар