Зошто некои мажи се верни?
Постои теорија дека моногамни врски меѓу животните се случуваат таму каде мажјаците и женките се со приближно иста големина. Додека пак, кај човеколикиот мајмун на пример, мажјаците имаат повеќе женки во својот „харем“. Дали истото важи и за луѓето? Дали во врските каде доминираат мажите, постои поголема веројатност тие да бидат неверни?
Некои религии, како муслиманската на пример, одобруваат полигамија, и секако, таа им е дозволена на мажите. Исто така, античките евреи имале повеќе од една жена. Иако во денешно време, барем во најголемиот дел од светот, полигамни бракови не се одобрени и имањето повеќе од една жена е неморално, не можеме да кажеме дека секаде секој е верен. Неверството постои и од двете страни. И мажите и жените се речиси еднакво (не)верни.
Кога би се сконцентрирале само на мажите, би набројале многу работи и причини поради кои им се неверни на своите жени и девојки. Како на пример: сексуално незадоволство, емоционална нестабилност, проблеми во бракот, финансиски кризи… Но, како што постојат причини за неверство, така постојат и причини поради кои одредени мажи се верни.
Зошто некои мажи се верни?
Некои мажи едноставно имаат мала заинтересираност за секс (колку и да ви звучи невистинито). Не се многу заинтересирани за секс ни во бракот а ни надвор од него. Обично тоа се мажи кои имаат поставено одредени стандарди и правила кога станува збор за секс. Некои пак, се срамежливи. Не се комуникативни и не би ја прифатиле можноста да бидат со друга жена. Таквите или не реагираат воопшто, или реагираат откако ќе соберат храброст, а тоа е обично предоцна. Постојат мажи кои се верни од проста причина што немаат време за афера. Тие се зафатени со својот бизнис и преокупирани со работа, и имаат доволно обврски и грижи.
Друга причина поради која некои мажи се верни е поради стандардите поставени од општеството и религијата. Имаат висок углед кој не смее да им биде нарушен и не сакаат да ризикуваат. Но, постојат и такви кои едноставно не сакаат да ги лажат своите жени. Долги години се во брак и не би сакале да ја ризикуваат таа стабилност. Доколку им пропадне бракот би им пропаднале многу работи во животот и би требале одново да започнат да градат нова стабилна врска, за која ќе им биде потребно премногу време. На крај, да не забораваме, постојат и мажи кои не изневеруваат од проста причина што ја сакаат својата жена/девојка. Станува збор за добро воспитани мажи кои знаат да го ценат она што го имаат и не сакаат да бидат неверни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
mfff.. ONE IN A MILION… 🙂 no da sepak postoi 🙂
konecno i za nas nesto da napisat..
takvi mazi se retki no sepak postojat … i kolku mozebi i da izgleda arogantno i nepristojno i jas sum eden od tie retkite …
i ne izneveruvam od edna prosta pricina, si go sakam i cenam toa sto e moe 🙂
да не забораваме, постојат и мажи кои не изневеруваат од проста причина што ја сакаат својата жена/девојка. Станува збор за добро воспитани мажи кои знаат да го ценат она што го имаат и не сакаат да бидат неверни.
Токму тоа е мојата причина!
Девојки… Немојте да останете на клише реченицата “сите мажи се исти”, барајте машко кој ги има вистинските вредности, верувајте постоиме, и сме разочарани од тоа колку прекрасни девојки завршуваат или се искористени за забава од непринципиелни, некарактерни, глупави снобови. Потребно е малку повеќе да ги отворите очите, и вистински да знаете да ги препознаете момците кои вредат!