Зошто некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку?

Зошто некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку?

Потењето е природен процес, но знае да предизвика непријатност ако е претерано. За време на летните денови нормално е повеќе да се потиме отколку во постудените месеци. Но некои луѓе се потат повеќе, а некои помалку. Во продолжение дознајте на што се должи тоа.

Просечна личност испушта помеѓу 0,8 и 1,4 литри пот во текот на едночасовен интензивен тренинг. Но, како што некои луѓе можат да трчаат побрзо, некои се потат многу повеќе од останатите.

Врз количеството на потење влијаат полот, возраста, тежината и емоционалната состојба односно нивото на стрес (последното влијае и на мирисот на потта). Колку е некој постар, потежок и повеќе под стрес, толку повеќе ќе се поти. Мажите повеќе се потат од жените бидејќи нивните потни жлезди мораат посилно да работат за да ги разладуваат.

Ако посебно се потите на одредени делови од телото – на пример на главата, па вашата коса е мокра после умерен тренинг, причина за тоа повторно се жлездите бидејќи на некои луѓе им работат поинтензивно на одредени делови од телото.

Постојат два вида потење – терморегулаторно и емоционално

Емоционалното е одговор на стресните состојби. Стресот го активира хипоталамусот кој е своевиден регулатор на температурата на телото. Кога сте под стрес хипоталамусот испраќа невротрансмитерски сигнали до жлездите што ја создаваат потта.

Некои луѓе повеќе се потат поради хиперхидроза (прекумерно потење) – состојба во која потните жлезди претерано се активни. Прекумерното потење станува очигледно во адолесценцијата.

Сепак потењето е неопходно за нашето тело да спречи прегорување, но доколку претерано се потите треба да ја проверите здравствената состојба. Болестите како дијабетесот и проблемите со тироидната жлезда можат да предизвикуваат претерано потење. Исто така причина може да бидат и антидепресиви, лекови за мигрена и останати лекови против болка.

Дознајте и што можат да значат вашите проблеми со потењето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар