Зошто не треба секојдневно да ја мерите телесната тежина доколку сте на диета?

Зошто не треба секојдневно да ја мерите телесната тежина доколку сте на диета?

Повеќето од луѓето кои се во борба со вишокот килограми се опседнати со вагата и со секојдневното мерење на телесната тежина, при што доколку не го видат посакуваниот резултат веднаш се разочаруваат. Но, психотерапевтот д-р Кетрин Смерлинг има еден поинаков совет:

„Фрлете ја вагата и фокусирајте се на тоа да се чувствувате добро во вашето тело и дух, наместо да барате утеха во бројките.“

Треба ли секојдневно да ја мерите својата телесна тежина?

Таа подетално објаснува зошто вагата и постојаното мерење може да бидат лоши кога имате намера да слабеете.

„Вагата станува емоционална мерка за дали ќе успееме или не“, вели таа. „Ако малку сте ја покачиле вашата телесна тежина, тогаш тоа ќе доведе до депресија, а доколку пак сте изгубиле некој килограм, тоа може да ве направи радосни и да чувствувате дека треба да се наградите. Кога се мериме на вагата тоа има тенденција за јо-јо ефект, како на нашите емоции, така и на нашата тежина.“

Доколку јадете кога сте емотивни, веќе еднаш сте го почувствувале јо-јо ефектот или сте имале многу варирања на вашата телесна тежина, време е да направите промени. Бројките што ви ги покажува вагата може да ви помогнат, но не и во ваквите случаи. Тоа може да биде повеќе штетно, затоа што на тој начин не сте во допир со вашето тело.

„Дел од процесот на губење тежина е да почнете да го чувствувате вашето тело“, вели д-р Смерлинг. „Кога се потпирате на надворешни извори, како што е вагата, не го чувствувате губењето на тежината и не сте во допир со вашето тело на ист начин. Губењето тежина значи препознавање на доволното количество храна коешто му е потребно на вашето тело за да се стабилизира и да одржува здрава тежина.“

Па, како би го забележале вашиот напредок ако само ги согледувате чувствата?

„Еден сигурен начин е да изберете неколку парчиња облека, како на пример панталони или здолниште, кои ви се тесни, па обидете се да ги облечете повторно за две недели откако сте ја почнале диетата. Ќе бидете воодушевени кога ќе можете повторно да ги носите тие парчиња облека, па дури и да ви станале разлабавени“, советува д-р Смерлинг.

Па, не потпирајте се на бројките кои ви ги кажува вагата. Наместо тоа, запознајте го вашето тело и следете ги резултатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар