Зошто не треба да се плашите од промените?

Зошто не треба да се плашите од промените?

„Ништо не е трајно, освен промената.“ – Хераклит

Хераклит, грчки филозоф, вели дека промената е единствената реалност во природата. Сите ние некогаш сме направиле некои промени во животот, без разлика дали тие биле добри или лоши, очекувани или неочекувани. Според тоа, се менуваат нашите односи со другите, околностите и чувствата. Никој не е секогаш ист во секој момент. Но, дали непланираните и неочекуваните промени се лоши? Што би било доколку сите би биле добри? Секоја промена која ја правиме нѐ води некаде на ново место. На пример, можете да бидете отпуштени од работата што ја мразите, но и што ви е навистина потребна за да го издржувате семејството. Иако најпрво ова ќе ви изгледа застрашувачко, откако ќе ви помине шокот ќе сфатите дека тоа ви носи чувство на ослободување. Секако дека ви е потребна работа, но на овој начин можете да најдете некоја во која навистина би уживале.

Зошто не треба да се плашите од промените?

Зошто некои луѓе нема да се променат

Некои луѓе се отпорни на промени. Тие може да се плашат или да сметаат дека немаат потреба од каква било промена. Сепак, понекогаш тие се неизбежни доколку сакате да напредувате. Иако промената би им донела одредени придобивки, сепак тие личности не сакаат да се соочат со неа. Одбивањето каков било вид промени може да има негативни ефекти. Еве некои од тие луѓе кои не сакаат соочување со нешто ново:

  • Менаџерите кои одбиваат да го променат својот стил на управување, па не можат да ги задржат своите вработени.
  • Личностите кои прекумерно работат, па немаат време за своето семејство.
  • Тврдоглави личности кои не прифаќаат туѓо мислење.
  • Личности кои секојдневно се жалат дека се болни, но одбиваат да посетат лекар.

Не би можеле да им го смените начинот на размислување на оние кои сметаат дека не им се потребни промените. Колку повеќе би настојувале да ги промените, тие повеќе ќе ви се спротивставуваат. Ако нивниот став е дека не сакаат да се менуваат, тогаш верувајте им. Можеби со текот на времето, кога ќе согледаат дека промените може да им бидат од корист, ќе се одлучат да го направат тоа. Но, тоа зависи од нив, а ваше е да се согласите.

Зошто не треба да се плашите од промените?

Што ќе се случи кога ќе ги прифатите промените?

1. Личен раст. Секогаш кога ќе направите некоја промена ќе научите нови работи. Лесно можете да откриете нешто ново за животот, да научите нови животни лекции и така да растете. Секоја промена е чекор поблиску до местото каде што сакате да бидете.

2. Флексибилност. Кога често ќе правите промени, вие ќе научите полесно да се прилагодувате на нови ситуации, средини и нови луѓе.

3. Подобрување. Секој од нас сака да го подобри својот живот, без разлика дали тука се вклучени парите, кариерата, партнерот и слично. Сепак, знаете дека без да промените нешто, не би добиле ништо поразлично од она што веќе го имате.

4. Ефект на снежна топка. Честопати може да се откажете затоа што сметате дека промената која треба да ја направите е премногу голема и тешка, а не се чувствувате спремни за тоа. Тука наоѓаат место малите промени. Одлучете се за помали чекори, па со текот на времето тие ќе ве одведат до посакуваните резултати.

5. Сила. Не сите промени што ќе ги направите ќе бидат добри. Понекогаш постојат и лоши работи, но нив треба да ги сфатите како предизвик кој ќе ве направи посилни.

6. Можности. Никогаш не знаете што може да ви донесе некоја работа. Кога ќе го одвлечете вниманието од вообичаениот пат, ќе ви се отворат нови можности. Промените ќе донесат нов избор на среќа, напредок и ќе бидете поблиску до посакуваните цели.

7. Нов почеток. Секогаш кога ќе направите промена, вие завршувате со одреден дел во вашиот живот и вртите нов лист. Промените може да донесат нови возбудувања во животот!

Не плашете се од промени. Животот е полн со падови и издигнувања, а на секоја промена можете да погледнете од позитивен аспект. Новите работи, искуства и чувства ќе ве направат позрела личност и ќе ве одведат до посакуваната цел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар