Зошто не треба да ѝ дадете втора шанса на бившата љубов?

Зошто не треба да ѝ дадете втора шанса на бившата љубов?

Сите ние би сакале да можеме да запознаваме само луѓе кои ќе останат покрај нас до крајот на нашиот живот и кои никогаш нема да ни нанесуваат болка и разочарување. Но, тоа никогаш не се случува во реалноста, па токму затоа понекогаш сакаме и да ги задржиме оние луѓе кои длабоко во себе знаеме дека не се добри за нас. Сигурни сме дека и вие сте се нашле во ваква ситуација, враќајќи се постојано на стариот живот, барајќи уште шанса со ветување дека овој пат нештата ќе бидат различни. Но, тоа никогаш не се случува…

Зошто не треба да ѝ дадете втора шанса на бившата љубов?

Заедничко минато

Кога ќе одлучите да му/ѝ дадете уште една шанса на бившиот/бившата, вие заедно си давате и ветување дека овој пат ќе биде различно. Токму затоа составувате и список правила според кои треба да се придржувате, со цел вашата врска да може да има иднина. Вие сте толку уверени дека овој пат ќе биде поедноставно бидејќи сметате дека знаете што треба да правите, а што не. Но, едно нешто сте заборавиле да спомнете, а тоа е фактот дека минатото постојано ќе ве ѕирка од зад вашиот грб.

Кога ќе налетате на проблем, вие можеби ќе се борите за да го решите, но тешко е да бидете силни и да се држите до почетните правила кога постојано чувствувате дека се сомневате во туѓата лојалност. Претходните грешки ви влијаат така што ве прават премногу внимателни. Толку внимателни што вашиот однос ќе ја изгуби својата природност и спонтаност. Тоа доведува до губење вредност во вашите очи. Доколку сакате навистина да почнете од почеток, вие треба да заборавите сè што се случило помеѓу вас во минатото, а тоа често е многу тешко да се направи.

Проблеми во комуникација

Кога давате втора шанса, вие сте подготвени да направите сè за овој пат нештата да успеат. Токму затоа и не сте целосно искрени еден кон друг и не ги споделувате вашите внатрешни стравови со цел да ја заштитите врската. Вие толку многу сакате овој пат да биде различно, но вистината е дека вие сте истите луѓе како и претходно и големи се шансите дека повторно ќе се повтори истата ситуација. Особено ако не зборувате искрено и отворено за тоа. Иако луѓето не сакаат промени, сепак тие им се потребни за да продолжат понатаму со својот живот. Време е да го прифатите тоа.

Идеализирање на љубовната врска

Па, дали треба да му/ѝ дадете втора шанса? Најчесто втората шанса се доживува како еден вид обврска, но и потенцијално решение кое може да доведе до огромни промени во односот. Доколку решите да продолжите понатаму, без да дадете втора шанса, вие сигурно ќе поминете денови размислувајќи дали нештата овој пат би биле различни доколку малку сте се потрудиле.

Потоа доаѓаат и моментите кога ќе сфатите дека вторите шанси можат да бидат искористени, но само во оние случаи кога не се наметнати. Имајте на ум дека давањето втора шанса може да биде тешка задача, без разлика како сте се одлучиле на тој чекор. Не се обидувајте да ја идеализирате вашата љубовна приказна и да ја претворите во нешто што таа никогаш не била. Понекогаш не сте свесни, но токму продолжувањето напред е она што навистина ви е потребно. Доволно е само да го направите првиот чекор и многу набрзо ќе сретнете нова личност, со која ќе изградите сосема нова и различна љубовна приказна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар