Зошто не смеете да ги сушите алиштата во вашиот дом во текот на зимата?

Зошто не смеете да ги сушите алиштата во вашиот дом во текот на зимата?

Како што сувиот воздух не е добар за работата на белите дробови, така и претераната влага во воздухот што го дишете може многу да ви наштети. Оптималната релативна влажност на воздухот што го дишеме треба да биде помеѓу 45 и 60 проценти, а ако ја надминува оваа граница, тогаш предизвикува промени во организмот како намалена концентрација, поспаност, промена на расположението и најразлични здравствени проблеми со дишниот систем поради бактериите и габите што се размножуваат во влажна средина.

Имајќи го сè ова на ум, сушењето алишта во затворен простор може да ја подигне влагата во воздухот и до 30 проценти. Додајте го на ова и фактот дека мокрите алишта се полни со хемикалиите од детергентот и омекнувачот, и веднаш ќе ви стане јасно зошто оваа навика е многу лоша за вашето здравје. Ако често чувствувате главоболки или имате проблеми со дишењето во вашиот дом – тогаш можеби токму тука се крие причината.

Ако имате доволно простор во домот и ако финансиите ви го дозволуваат тоа, инвестирајте во машина за сушење алишта. На овој начин не само што ќе го заштитите вашето здравје, туку и ќе добиете помека облека на којашто најчесто не ѝ е потребно никакво пеглање. Ако во моментов можностите не ви дозволуваат машина за сушења, тогаш одберете посебна просторија за сушење на алиштата, некаде каде што ниту еден од вашето семејство воопшто не влегува во текот на денот.

Исто така не мора да чекате топло време за надвор да ги сушите вашите алишта. Можете слободно да го правите тоа и во зима – иако ќе биде потребно малку повеќе време. Само внимавајте, ако облеката ви замрзне, немојте да пробувате да ја здиплите затоа што ќе ја оштетите. Внесете ја сувата, замрзната облека во вашиот дом, почекајте да се стопли и потоа приберете ја.

Прочитајте и зошто никогаш повеќе не треба да ги перете вашите алишта на 30 степени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар