Зошто не можете да откриете дали ве лажат?

Зошто не можете да откриете дали ве лажат?

Многумина за себе сметаат дека се добри во откривањето на туѓите лаги и дека можат секого „да го прочитаат како буквар“. Иако постојат многу истражувања кои откриваат некои показатели кои се корисни при скенирање на нечии зборови, постојат и истражувања кои потврдуваат дека колку и да се трудиме, никогаш не можеме да бидеме сигурни дека сме фатиле некого во лага. Таквото тврдење се заснова на следните причини.

Зошто не можете да откриете дали ве лажат?

Се потпираме на стереотипи

Сите знаеме некои знаци со кои се обидуваме да препознаеме дали некој лаже. Без разлика дали тоа е движењето со очите, држењето на телото или движењето и положбата на рацете, овие претпоставки не можат да се применат во секоја ситуација. На пример, постојат истражувања кои покажуваат дека лажливците остваруваат повеќе контакт со очите со цел да бидат поубедливи, наспроти стереотипот дека тие тоа го избегнуваат.

Не знаеме колку добро ја детектираме лагата

Кога ги применуваме советите за откривање на лажливците најчесто не добиваме повратна информација дали нашата детекција била успешна. Некој ќе каже нешто, ние се сомневаме, но може никогаш да не дознаеме дали сомнежот бил оправдан или требало да веруваме. Токму поради тоа не е лесно да се стане свесен за сопствените способности за откривање на лагата и станува тешко истите да се подобрат.

Зошто не можете да откриете дали ве лажат?

Teжнееме кон доверба во луѓето

При едно истражување на испитаниците им било укажано на тоа дека половина од луѓето со кои ќе дојдат во контакт за време на експериментот ќе излажат, а тие и покрај овој факт пак сметале дека повеќе од половината ја кажуваат вистината. Едноставно, сите ние тежнееме кон тоа да им веруваме на луѓето. Истото истражување покажало и дека тоа не важи за сите професии, особено за полицајците, разузнавачите и цариниците.

Некои луѓе ги перцепираме како поискрени

Личностите кои полесно ги искажуваат своите емоции и говорат течно ги перцепираме како поискрени. Во споредба со нив, оние кои говорат смирено не уживале толкава доверба кај испитаниците.

Едноставно, некои луѓе одлично лажат

Добрите лажливци се извежбани и имаат доволно практично искуство во лажење. Знаат што другите очекуваат да чујат од нив и успешно манипулираат со тоа. Прават самонабљудување на сопственото однесување додека лажат, го набљудуваат соговорникот кој го лажат и знаат и да почувствуваат кога да ја уфрлат лагата во игра.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар