Зошто настануваат недоразбирања во пишаната комуникација?

Зошто настануваат недоразбирања во пишаната комуникација?

Автор: Маја Миноска

Познато е дека повеќе недоразбирања настануваат во пишаната комуникација отколку во директниот контакт и телефонските разговори. Во време кога секојдневно ги користиме социјалните мрежи, добиваме имејлови и СМС-пораки, не ретко се случува да ни е потребно повеќе време да ја разбереме содржината, да избувнеме или да останеме збунети. Проблемот со пишаната комуникација е во недостигот на тоналитет. Без разлика колку е прецизна интерпункцијата, граматиката или општо – способноста да се структурираат речениците, доколку личноста не ве познава доволно, пораката лесно може да биде разбрана погрешно, но и вие погрешно да ја протолкувате туѓата порака.

0-Zoshto nastanuvaat nedorazbiranja vo pishanata komunikacija-kafepauza.mk

Бидејќи во пишаната комуникација недостасува говорот на телото, зборовите и симболите имаат голема моќ. Земете ги предвид овие совети доколку сакате да ги избегнете недоразбирањата:

Не претпоставувајте

Избегнувајте да претпоставувате при пишување и читање. Индивидуалното толкување може да се разликува од вистинската содржина. Барајте јасност. Добијте повеќе информации пред да избрзате со донесување заклучок.

1-Zoshto nastanuvaat nedorazbiranja vo pishanata komunikacija-kafepauza.mk

Предноста на сомневањето

Оставете простор за сомневање. Прочитајте го текстот повеќе пати, како би биле сигурни дека информациите ви се во целост јасни.

2-Zoshto nastanuvaat nedorazbiranja vo pishanata komunikacija-kafepauza.mk

Одлучете се за директна комуникација

Доколку се двоумите, контактирајте го директно авторот на пораката. Постои голема веројатност тој да не претпоставил како неговата порака можела да биде протолкувана.

Cellphone, selective focus, canon 1Ds mark III

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар