Зошто најсилните девојки се оние кои секојдневно се борат со анксиозноста?

Зошто најсилните девојки се оние кои секојдневно се борат со анксиозноста?

Таа е силна, бидејќи е во постојана битка со нејзината анксиозност којашто ѝ кажува дека е слаба. Дека не смее да зборува. Дека не смее да стане од кревет. Има денови, кога таа го слуша овој глас, но другпат, наоѓа сила да го игнорира. Таа наоѓа сила да излезе од својата соба, да се дружи, да се смее.

Зошто најсилните девојки се оние кои секојдневно се борат со анксиозноста?

Таа е силна затоа што се појавува, дури и кога се тресе. Зборува, дури и кога гласот ѝ се губи. Дише, дури и кога ја болат градите. Би било лесно да ги откаже плановите со пријателите, да одбива покани за состаноци, да не оди на предавања, да земе боледување од работа… И понекогаш таа тоа и го прави.

Но поголемиот дел од времето, го прави тоа што треба. Го исклучува алармот, се подготвува и излегува од дома. Да, се случува и нешто да ѝ го одвлече вниманието. Дури и најмалите ситници можат да ја разгорат нејзината анксиозност – порака од личност што не ја очекувала, имејл што не е сигурна како да го одговори, чуден поглед од колега или симпатијата…

Таа постојано е свесна за тоа што ѝ се случува, но се бори низ сите овие емоции. Таа ги игнорира начините на кои мисли дека сите ја гледаат и ја осудуваат, и се труди да биде продуктивна. Се тера да се фокусира на она што е најважно и не ѝ дозволува на анксиозноста да го контролира нејзиниот живот. Таа не им дозволува на темните мисли да станат еклипса на позитивните.

Оваа девојка е мотивирана да биде најдобрата личност што може. Одвреме-навреме анксиозноста ја прави слаба, помала. Како да не заслужува да биде во истата просторија со луѓе што слободно можат да зборуваат со странци. Но иако се чувствува инфериорно, тоа е далеку од вистината. Таа е борец! Зошто не може да го забележи тоа?

Се труди многу и затоа стигнала толку далеку. Има луѓе што ретко кога излегуваат од својата удобна зона, но не и таа. Таа секој ден е надвор од неа! Постојано се грижи што да каже, што да носи или каде да паркира. Никогаш не е опуштена и како без прекин да живее на работ. Затоа и постојано учи, расте… Секоја секунда од секој ден.

Може да се случи и да се затвори, да се препушти на анксиозноста. Има денови кога не изговара ниту еден збор со часови. Кога седи во пижами и го одложува туширањето. Но има денови и кога наоѓа храброст да го каже тоа што го мисли. Кога се изненадува себеси колку храбра може да биде! Колку моќно може да звучи.

И иако сè уште не сфаќа, таа е една од најсилните девојки во светот – бидејќи постојано се бори и постојано победува!

Клучот за справувањето со анксиозноста е преземањето на контролата во ваши раце. Како можете да го постигнете тоа?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар