Зошто најдобрите пријатели се најважните личности во вашиот живот?
Пријателите што ги одбирате имаат многу поголемо влијание на квалитетот на вашиот живот отколку што мислите. Тие имаат влијание на вашата среќа, на вашите лични избори и навики, на вашите чувства и слично. Ова се причините зошто треба внимателно да ги одбирате пријателите и зошто тие се едни од најважните личности во вашиот живот.
1. Квалитетното пријателство ви нуди поддршка, разбирање и среќа
Откако ќе поминете време со овие луѓе, чувствувате работи како среќа, разбирање, поддршка, топлина… Се разбира, ќе постојат периоди кога вашите пријатели ќе минуваат низ тежок период и можеби нема да ви го пружат сето ова. Можеби ќе имаат проблеми и ќе им треба дополнителна поддршка. Ова е сосема нормален дел од животот и пријателствата. Но, ова треба да се случува одвреме-навреме, а не постојано. Здравите луѓе немаат постојани проблеми.
2. Добрите пријатели имаат добро влијание на вас
Пријателите навистина влијаат на вашите избори и навики, и тоа многу почесто отколку што мислите. Па важно е да ги одберете луѓето кои ќе имаат позитивно влијание на вас и ќе ве инспирираат да станете најдобрата верзија од себе. Луѓето со коишто сте опкружени влијаат на личноста којашто ќе станете.
3. Вистинските пријатели ќе ве инспирираат
Дали поради нивната смисла за хумор, нивниот шарм или нивните неверојатни амбиции, овие луѓе треба да ви бидат инспирација. Тие треба да поседуваат квалитети на кои ќе им се восхитувате и ќе сакате да ги постигнете.
4. Доброто пријателство треба да биде забавно
Пријателството треба да биде 80% забава и 20% проблеми. Во проблемите спаѓаат поддршка на пријателот кој минува низ развод, раскинување, смртен случај, или едноставно има тежок период. Со вистинските пријатели треба навистина да се забавувате.
5. Добрите пријатели се комбинација од добар советник и добар слушател
Советот од добриот пријател секогаш треба да биде валиден и вреден. Но добрите пријатели ќе ви дадат совет само кога ќе го побарате. А кога барате совет, сакате да го добиете од личност на којашто навистина ѝ верувате.
Од друга страна, пријателите се и одлични слушатели. Се разбира, понекогаш не можат да бидат целосно фокусирани на вашата ситуација. Секој си има моменти кога му се одвлекува вниманието. Но поголемиот дел од времето, добриот пријател е одличен слушател и се обидува да ви го покаже тоа.
6. Добрите пријатели се среќни луѓе
Треба да се чувствувате поисполнето и посреќно откако ќе поминете време со вашиот најдобар пријател. Ако се чувствувате негативно, истрошено или ви е здодевно, можеби вашето пријателство и не е толку добро.
7. Постои еднаквост и можете да им верувате
Вие треба да чувствувате дека еднакво вложувате во пријателството колку и вашиот пријател. Овде спаѓаат предлози за планови, одвојување време за дружба, балансирано зборување и слушање и слично. Со добрите пријатели секогаш има рамнотежа. И во овој случај има исклучоци доколку на пријателот му се случува нешто. Можеби ќе треба да му дадете повеќе поддршка од обично, и тоа е сосема во ред.
Исто така можете да им верувате и да се потпрете на вашите пријатели. Тие секогаш си стојат на зборот и ви се лојални.
8. Можете да комуницирате отворено
Ако биле повредени нечии чувства или ако едниот пријател чувствува гнев кон другиот, треба да можете отворено да разговарате за ова и да најдете решение. Ако не се чувствувате слободно и сигурно да дискутирате за овие работи, можеби не сте толку блиски.
9. Добрите пријатели се со отворен ум и нема да ви судат
Треба да ви биде удобно да разговарате со пријателите на повеќето теми. Треба да се чувствувате сигурно и да знаете дека нема да бидете осудувани или исмејувани. Овие луѓе ќе ве слушаат со интерес, љубов и со отворен ум.
10. Квалитетните пријатели се ментално здрави луѓе
Најчесто овие луѓе си го имаат средено животот. Ако се дружите со расеана личност со многу проблеми, најверојатно тоа нема да има добро влијание на вас. Исто така оваа личност нема да може да ви помогне кога навистина ќе имате потреба од тоа.
Погледнете и кои се квалитетите на добрите пријатели.