Зошто мора веднаш да престанете со бојадисување на косата?
Кога сакаме драстично да го промениме изгледот, а да не потрошиме многу пари, нема подобра метода од бојадисување на косата. Луѓето ја менуваат бојата на косата илјадници години наназад. Дури и старите Египќани користеле к’на за да ги сокријат своите седи влакна. Денес се доволни само неколку минути за да ја сокриеме седата коса или да дознаеме дали русокосите навистина подобро се забавуваат, а сето тоа благодарение на производите за бојадисување на косата кои можеме да ги купиме во скоро секоја продавница. Бојадисувањето на косата е полесно од кога било порано, но и понатаму не е добра идеја. Не станува збор само за изборот на погрешна боја или неквалитетна фарба, туку за многу посериозни последици и проблеми.
Што ѝ прави фарбата на вашата коса?
Како делува фарбата, зависи од нејзината боја и трајност. Меѓутоа, генерално, фарбата и нејзините хемикалии продираат во кутикулите на косата за да ја променат нејзината боја. Овој процес ја менува и структурата на вашата коса, а промената на структурата можете и самите да ја почувствувате по бојадисувањето. Ова е особено точно кога станува збор за избелување на косата, кое ја прави посува и погруба.
1. Бојадисувањето може да доведе до губење на косата
Никој не сака да ја изгуби косата кога ќе остари, особено жените. При редовно бојадисување опаѓаат само оштетените влакна, но тоа може да се случи во толкави количини што ќе ви ја проретчи косата. Штетните хемикалии во фарбите со тек на време ја прават косата слаба и кршлива. Малку е веројатно дека губењето на косата ќе биде трајно, но со тек на време ќе се влоши доколку продолжите континуирано да ја бојадисувате косата.
2. Алергиска реакција
Во сите фризерски салони ќе ви препорачаат да направите тест на кожата пред да ја бојадисате косата со конкретна фарба. Фарбите за коса содржат фенилендиамин, хемикалија за која е познато дека ја иритира кожата.
3. Некои хемикалии во фарбите за коса се поврзани со појава на рак
Изгледа дека денес сѐ е поврзано со ракот. Меѓутоа, загриженоста околу фарбите за коса е легитимна. Тие содржат над 5.000 хемикалии. Не се сите поврзани со ракот, но за голем број се смета дека се канцерогени. Ако сакате да се заштитите од тие штетни состојки, едноставно немојте да користите фарби за коса.
4. Бојадисувањето ја суши косата
Сувата коса е проблем за многу жени, без разлика дали ја бојадисуваат својата коса или не. Сушењето со фен, фенирањето, исправувањето и сите останати активности кои вклучуваат користење топлина, не ѝ прават никакво добро на вашата коса. Влошувањето на состојбата допринесува и употребата на хидроген, кој се користи како база за фарбата. Тој е одлично средство за осветлување на косата, чија цел е таа подобро да ја прима бојата, но исто така е и причина за тоа што таа изгледа како слама.
5. Скапо одржување
Ако ја бојадисувате косата, сигурно знаете колку е скапо нејзиното одржување. Самото потстрижување на женската коса е поскапо од машкото, а ако на тоа го додадете и бојадисувањето и третманите кои бојадисаната коса ги бара, ќе добиете прилично голема парична сума која месечно ја давате само за фризер.
6. Трошење време
Бојадисувањето на вашата коса не чини само пари, туку и време. Нема ништо полошо од тоа цела сабота да ја поминете на столицата во салонот чекајќи бојата да „се фати“. Веќе и онака сте зафатени, па неколку слободни часа секогаш се добредојдено изненадување.
7. Грациозно прифатете ја седата коса
Сосема е нормално да посакате да го вратите времето пред вашата коса да почне да добива сивкасто-бела нијанса. Бојадисувањето на косата изгледа како сигурно и едноставно решение, но уште подобра опција е да дозволите таа да се менува природно. Многу жени гордо и достоинствено ја носат својата седа коса, што прави да изгледаат самоуверено и сигурно во себе. Освен тоа, седата коса е изненадувачки убава.
Доколку ја бојадисувате косата во домашни услови или пак сакате да го направите тоа по првпат, тогаш ова се заповедите за успешно бојадисување на косата во домашни услови.