Зошто мислата „Подобро некогаш, отколку никогаш“ е една од најточните изреки во животот?

Зошто мислата „Подобро некогаш, отколку никогаш“ е една од најточните изреки во животот?

Кога на луѓето би им предложиле да одите на заедничко патување, на пример низ Европа, повеќето од нив автоматски ќе смислат стотина изговори и причини зошто не можат да го направат тоа. Постои решение за сите тие изговори и не постои причина зошто не би можеле со тек на време да заминете на патување околу Европа или да ги искачите највисоките врвови.

Зошто мислата „Подобро некогаш, отколку никогаш“ е една од најточните изреки во животот?

Човечкиот мозок често вели „тоа не може да се направи“, наместо „како можеме да го направиме тоа?“ Во продолжение, 6-те изговори кои нашиот мозок ги смислува и зошто треба да ги игнорираме.

1. Тие се подобри од мене

Не, всушност не се. Луѓето кои ги ставаме на пиедестал во нашите животи не се искачиле сами по себе, туку ние сме ги поставиле таму. Исто така, имаме можност и да ги симнеме од тие пиедестали и самите да се качиме на нив. Секое човечко суштество на оваа планета ги има истите основни можности во животот. Она што ја создава разликата помеѓу успехот и неуспехот е трудот, упорноста и преданоста.

2. Не можам да живеам без ________

Освен ако зборовите над цртичката погоре не се воздух, вода, храна или дом тогаш да, можете. Сакаме да мислиме дека не можеме да живееме без Интернет, без автомобил, без телефон, без социјални мрежи и слични материјални работи. Сте го исклучиле ли некогаш телефонот на 1 час? Тоа може да биде вистинско ослободување.

Замислете да изгубите сѐ што имате, бидејќи да бидеме реални, тоа на луѓето им се случува секојдневно. Престанете да се фокусирате на материјалните работи и фокусирајте се на она што е навистина важно во животот – на неговото живеење.

3. Животот не е фер

Во право сте, животот навистина не е фер и ако некогаш очекувате да биде, за жал, ќе бидете разочарани. Нека вашиот став одреди кои сте и за што сте способни. Сетете се – токму сега постои некој кој поминал низ некоја верзија од она низ кое вие моментално поминувате и тоа е сосема во ред. И вие тоа го можете.

4. Треба да престанам

Освен ако се работи за пушењето, алкохолот и некои други лоши навики – никој никогаш не постигнал ништо со откажувањето. Сѐ што вреди да се има во животот е вредно и за трудот. Живееме во општество во кое луѓето мислат дека е полесно ако се откажеме и почнеме одново, отколку нешто да одржиме или да го обновиме.

Навистина, тоа може да биде полесно, но размислете од што се откажувате. Колку пријателства сте уништиле по пат? Какви достигнувања не сте постигнале? Исполнете го својот живот со работи од кои никогаш нема да сакате да се откажете.

5. Предоцна е

Ако постои воздух во вашите бели дробови, тогаш не е предоцна. „Предоцна“ е само концепт во нашите глави. Старата клише мисла „Подобро некогаш, отколку никогаш“ е една од најточните изреки во животот. Никогаш не е предоцна да пронајдете ново хоби или да се извините. Да не направите нешто што посакувате во целост е 1.000 пати полошо отколку да не го направите воопшто.

6. Не можам

Да, можете. Доколку имате реалистични очекувања од она што сакате да го направите, постои само една личност која може да ве спречи тоа и да го направите. Не постои ништо што не можете да го направите ако во тоа го внесете целото свое срце. Во оној момент кога ќе сфатите дека сте способни да постигнете сѐ, тогаш навистина ќе можете да постигнете сѐ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар