Зошто мажите треба да стапат во брак?
Голем број мажи не сакаат да стапат во брак, бидејќи сметаат дека бракот не е брак туку мрак и дека тој ќе направи да се чувствуваат како куче врзано за ланец. За разлика од нив, повеќето жени уште во дваесеттите години почнуваат да мечтаат за брачната идила. На мажите никаде не им се брза, бидејќи сметаат дека за таква голема одлука има време во животот. Слободата за нив е непроценлива, а бракот честопати ги асоцира токму на нејзиното отсуство и на константно досаѓање од страна на идната сопруга.
Но, реалноста е дека и покрај тоа што бракот не може да биде постојано совршен, сепак со себе носи многу убави нешта, кои вреди да се доживеат уште во младоста.
- Секогаш ќе имате поддршка покрај себе.
- Најдобрата пријателка ви е воедно и љубовница.
- Сексот станува сè подобар со годините.
- Можете да уживате во секс без кондом.
- Оженетите мажи подобро заработуваат.
- Оженетите мажи се комплетни личности.
- Покрај себе имате личност која ве познава подобро од сите.
- Секогаш имате поддршка и рамо за плачење.
- Се чувствувате самоуверено покрај вашата жена.
- Во секој момент имате партнер за сè што ќе посакате.
- Тагата, среќата и сите разни емоции ги делите на пола.
- Секогаш имате пријател за разговор.
- Кога си доаѓате од работа, ве чека топлината на вашиот дом и прегратка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.