Зошто мажите се каат поради тоа што ја изгубиле девојката која ги чекала да си го средат животот?

Зошто мажите се каат поради тоа што ја изгубиле девојката која ги чекала да си го средат животот?

Сите сме гледале романтични филмови во кои жената останува верна и лојална додека го чека нејзиниот партнер да одлучи што сака да прави во животот. Тој можеби тргнал на херојско патување за да ја спаси планетата или можеби се обидува да се искачи на скалата на успехот. Без разлика за што станува збор, тоа е нешто што постојано се случува. Дечкото не знае што сака. Премногу се фокусира на другите работи и ја занемарува девојка му. На крајот, успева да го совлада предизвикот. Тогаш сфаќа дека ја сака, одбира да остане со неа и си живеат среќно до крајот на животот.

Зошто мажите се каат поради тоа што ја изгубиле девојката која ги чекала да си го средат животот?

Проблемот е во тоа што реалниот живот не функционира на овој начин. Не живееме во романтична комедија. Во денешно време, кога жената ќе реши да стави крај на врската, нема враќање назад. Постојат многу девојки кои им даваат премногу шанси на мажите. Веруваат дека на луѓето треба да им се даде време за да сфатат што сакаат да прават во животот и сакаат да бидат покрај нивниот партнер додека тој истражува и го открива својот потенцијал.

Не звучи толку страшно, се согласувате? Но, ова е главната причина зошто жените завршуваат во ужасни врски каде што партнерите не се однесуваат со нив онака како што заслужуваат. Што е многу, многу е. Време е жените да им стават крај на ваквите врски.

Кога девојката ќе сфати дека не ѝ треба маж во животот кој ја цица нејзината енергија и ѝ го троши времето, таа ќе го затвори своето срце. Потоа нема враќање назад, без разлика колку мажот се сменил и ја променил кариерата и начинот на живот.

Дечкото нема да може повторно да го освои нејзиното срце. Најверојатно ќе се обидува да го оправда она што го сторил со зборовите „Ако таа не може да разбере зошто ми е толку важно да си ги следам соништата, не вреди да се борам за неа“. Бруталната вистина е дека никој не е должен да ве чека и да ја толерира вашата несигурност. Никој не заслужува живот полн со стрес и емоционална болка. Не можете да очекувате дека некој ќе ве чека додека вие решавате што сакате да правите во животот.

Во таква ситуација, најмоќниот чекор што можат да го направат жените е да ја прекинат врската и да продолжат понатаму. Можеби ќе му ги повредат чувствата на партнерот, но токму неговите постапки довеле до тој момент. Мажите еден ден ќе сфатат дека згрешиле кога одлучиле да се фокусираат на себе во тој период од животот. Жената која ги сакала најмногу на светот уште пред да се пронајдат себеси и успеала во животот е таа која ќе останела покрај нив за време на сите потешкотии.

Ќе се каете што сте ја изгубиле таа девојка, бидејќи другите жени кои ќе се вљубат во вас кога ќе бидете најдобрата верзија од себе, многу лесно ќе ви кажат збогум кога ќе ве видат на дното. Тие многу лесно ќе ве остават кога ќе сфатат дека не сте толку совршени колку што мислеле.

Во тие моменти, ќе сфатите дека сте имале девојка која ве прифаќала целосно, вклучувајќи ја и вашата темна страна. Со таа девојка ќе можевте да ги пребродите сите бури во животот. Таа девојка ве љубела многу силно и длабоко, но вие сте дозволиле да си замине.

Прочитајте и зошто девојките не треба да го чекаат мажот кој не може да донесе одлука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Siljan Reply

    Kako da ja citam taznata prikazna na avtorkata.
    No worries dear ne se site mazi takvi.

Остави коментар