Зошто мажите бегаат од вас? 5 нешта кои ги правите погрешно на почетокот од врската
На некои жени им е многу лесно да привлечат и задржат маж покрај себе, додека некои исто така лесно ги привлекуваат, но многу тешко ги задржуваат покрај себе. Ако ви изгледа дека сте дел од втората група, тогаш можеби овие 5 нешта се причината поради која мажите бегаат од вас…
1. Премногу брзо се заљубувате
Премногу романтика и премногу емоции за прекраток рок може да го престраши дури и најхрабриот маж. Кај нив овие процеси се одвиваат малку побавно, па ако вие уште на првиот состанок спомнувате брак и деца, тогаш големи се шансите дека тој брзо ќе избега без да погледне наназад.
2. Премногу барате
Очекувате порака наутро, навечер, за ручек, пред вечерата, барате да ви каже што јадел, со кој бил, каде бил и зошто… Вам можеби овие нешта ви изгледаат како романтична заинтересираност за секој детаљ од неговиот ден, но во неговите очи делува како полициско испитување. Никој човек не сака да се чувствува како да е под лупа.
3. Премногу сте заедно
На мажите им е потребен простор за дишење. Доколку сте постојано покрај него и не му дозволувате да мрдне, тогаш големи се шансите дека ќе почне да чувствува како да се гуши покрај вас. Вие најверојатно сакате да го поминете секој слободен момент со него, но тој не сака да се чувствува како да е во затвор.
4. Љубоморни сте
Малата љубомора понекогаш може да биде симпатична, но ако таа е бескрајно голема, тогаш ќе налетате на многу проблеми. Ако постојано сте опседнати со неговиот мобилен, го испитувате со кои жени се гледа и разговара и му се лутите кога некој нешто ќе му лајкне на Фејсбук, тогаш тој ќе избега од вас бидејќи не сака да биде со жена која не му верува.
5. Го прогонувате
Мажите по природа се ловци. Доколку вие ја преземете оваа улога и почнете да се однесувате како „ловецот“ во вашата врска, тогаш големи се шансите дека тој брзо ќе изгуби интерес за вас. Трчањето за момче никогаш не е добра идеја, бидејќи ако се почувствуваат дека некој ги прогонува, тие ќе почнат да трчаат побрзо.