Зошто мајките кои имаат едно дете се посреќни?

Зошто мајките кои имаат едно дете се посреќни?

Многу луѓе сакаат да имаат едно дете поради многу практични причини, но сепак тоа не ја олеснува одлуката поврзана со бројот на членовите во едно семејство. Повеќето парови се двоумат дали да имаат едно или повеќе деца и понекогаш таа дилема трае со години. Мајките најчесто воопшто не знаат дали навистина сакаат второ дете, но сопрузите и семејството им го наметнуваат притисокот дека не треба да застанат по првото. Ова претставува многу тешка одлука за жените, бидејќи може да влијае на нивното здравје и на работата.

Зошто мајките кои имаат едно дете се посреќни?

Иако сите случаи се различни, дилемата околу тоа дали да се има повеќе деца е иста за сите парови. Некои луѓе преземаат практичен пристап и си поставуваат прашања од типот: „Дали ќе треба да ги жртвувам времето, парите, слободата, интимноста и напредокот во работата за ново дете во домот?“ и „Дали сме финансиски подготвени за ваков чекор?“.

Логика наспроти емоции

Многу од одлуките што ги донесуваме делуваат разумно: Каде да одиме на одмор, што да облечеме, колку да вежбаме, кој автомобил да го купиме… Ги споредуваме плусовите и минусите и правиме избор, или барем така мислиме. Но, постојат многу работи што влијаат на нашиот избор. Кога некој човек сака да донесе одлука, мозокот е преплавен со емоции и е понесен од неговите необјасниви страсти. Дури и кога се обидувате да бидете разумни и воздржани, овие емоционални импулси влијаат скришум на вашата проценка.

Емоционалниот елемент е највидлив кога луѓето одлучуваат дали да донесат уште едно бебе на светот или не. Во таков случај, логиката и практичноста летаат низ прозорецот. Свесно или несвесно, начинот на кој сте биле воспитани, врската со вашите браќа и сестри, животот на вашите пријатели, медиумскиот приказ на едно семејство, вашата кариера и работа, стабилноста на вашиот брак и вашите соништа имаат големо влијание во оваа приватна дебата.

Научно докажано е дека мајките со едно дете се посреќни

Можеби знаете точно колку деца сакате. Сигурни сте дека сакате да имате две деца и ништо не може да ја разниша вашата самодоверба сѐ додека не станете родители на едно дете. Одеднаш не можете толку лесно да му посакате добредојде на второто. Од емоционален поглед на работите, се прашувате како второто дете ќе влијае на врската што ја имате со првото дете. Но, од друга страна, пак, многу често ги слушате зборовите „Ќе му треба братче или сестриче“. Почнувате да се збунувате.

Зошто мајките кои имаат едно дете се посреќни?

Пред да донесете конечна одлука, земете ги предвид резултатите од најновите истражување. Ханс Питер Колер, професор по социологија на Универзитетот во Пенсилванија, открил дека луѓето со деца се посреќни од оние кои немаат деца.

„Како извори на среќа и исполнетост кај возрасните, децата заземаат пиедестал што сакаат да го стигнат само брачните парови и кој се наоѓа на повисоко место од работата, кариерата, пријателите, хобијата и другите роднини“, пишувало во студијата.

Но, Колер исто така открил дека второто и третото дете не ја зголемуваат среќата на родителите. Неговото истражување, во кое биле вклучени 35.000 возрасни идентични близнаци од Данска, докажало дека мајките кои имаат повеќе деца се понесреќни. Од друга страна, пак, поголемиот број деца нема никакво влијание на среќата кај мажите.

Не ни се потребни цврсти докази за да знаеме дека децата претставуваат дополнителен товар за повеќето бракови. Даниел Гилберт, професор по психологија на Универзитетот Харвард, изјавил дека среќата во бракот се зголемува кога последното дете ќе го напушти домот.

Ако се земат предвид стресовите на современите бракови, притисоците на работното место, финансиските трошоци и откритијата од истражувањето на Колер, порастот на семејствата со едно дете е сосема разбирлив. Што мислите вие на оваа тема? Дали би сакале да имате многу деца или сметате дека едно е доволно?

Прочитајте ги и овие 7 брутално искрени причини зошто повеќето модерни жени не сакаат деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар