Зошто луѓето се откажуваат од љубовта кога работите ќе станат малку потешки?

Зошто луѓето се откажуваат од љубовта кога работите ќе станат малку потешки?

„Никогаш не губите љубејќи. Губите поради тоа што се држите настрана.“ – Барбара де Анџелис

На сите ни се познати чувствата на љубов, страст, желба и флерт. Сите знаеме како се чувствуваме кога сакаме некој. Но, дали знаеме доволно што значи да се биде во врска? Да се биде заедно, да се учи и расте еден покрај друг? Секоја врска е уникатна и убава на свој начин, но дали ние на нашата врска гледаме со вистинска љубов?

Животниот тренер, Гарисон Коен, зборува за теоријата на односите на тој начин што користи овошје како метафора. Тој вели дека како луѓе, ние секогаш сме возбудени од слаткото, сочно овошје, односно од надворешниот слој. Тоа е вкусно и ние со задоволство го јадеме. Сепак, кога ќе стигнеме до неговата внатрешност, до семките, ние го фрламе сметајќи дека тоа не е корисно. Она што не го цениме е дека всушност тие семки можеме да ги посадиме и повторно да се роди нов живот. Тоа е извор на нов живот, а ние го третираме како да е сосема бескорисно, бидејќи не ни дава моментално задоволство. Ние не чекаме да видиме каков живот би се родил.

Замислете ја вашата врска како ова овошје. Влегувате во фазата на меден месец и уживате во слатките меѓусебни моменти. Но, потоа можеби работите нема да се одвиваат толку добро. Можеби при вашите дискусии ќе стигнете до точка каде што нема да се согласувате еден со друг. Тогаш ќе се појават нови проблеми, така што и двајцата би се исплашиле од она што се случува, а некој можеби ќе сака да побегне од тие проблеми, плашејќи се да се соочи со нив. Секако дека постојат и големи причини поради коишто луѓето се одлучуваат да заминат, но неретко и ние самите сме виновници што прерано ги напуштаме работите. Кога ги проголтуваме зрелите плодови и се соочуваме со внатрешноста, односно со семето, ние се откажуваме и одлучуваме да не продолжиме понатаму. Не си оставаме доволно време да видиме што ќе се случи и што ќе се роди кога ќе ја вкусиме внатрешноста, онаа којашто не е толку сочна и слатка.

Внатрешноста на овошјето ги претставува недостатоците на човекот коишто се неизбежен дел. Семките се исто така дел од овошјето и нивната улога е многу важна. И доколку си дадеме време да ги прифатиме недостатоците онакви какви што се, си даваме себеси потенцијал да растеме. На овој начин можеме да погледнеме во своите потемни делови, во себичните делови од нашата личност. Знаеме дека никој не е совршен и дека сите го правиме најдоброто со она што го имаме. Секогаш треба да дадеме шанса за да ги подобриме односите, да разбереме дека треба да ги негуваме и да се грижиме за нив. Секогаш можеме да најдеме нешто убаво во мааните. Ова не значи дека треба по секоја цена да бидеме со некој што не ни одговара, но, треба да се потрудиме мудро да им се спротивставиме на недостатоците. Многу е важно да умееме да ги цениме тешките времиња и да ги сфатиме како неопходен дел од сечиј живот, коишто заедно со убавите моменти ја сочинуваат рамнотежата во животот. Не би можеле да го видиме летото доколку најпрво не ја искусиме зимата. Исто така не можеме да имаме овошје без семе.

Во врските имаме потенцијал да искусиме извонредна авантура со друга личност. Доколку не би избегале веднаш штом малку ќе се влошат работите, тогаш си дозволуваме себеси да учиме, да сакаме и да станеме позрели личности. Така, ние би уживале во побогат живот за разлика од оние коишто се само на површината, јадејќи ги само добрите делови.
Па, наредниот пат кога ќе земете овошје, погледнете го подетално и потрудете се да го видите животот којшто живее внатре. Потоа, оставете го некаде каде што ќе знаете дека ќе прерасне во вистинска убавина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар