Зошто луѓето не го признаваат неверството сѐ додека не ги фатите?
Неверството е болен проблем кој го имаат многу врски. Искушението да се побара друг маж или жена, за жал е многу често. Некои луѓе сакаат да ја исправат работата и му признаваат на партнерот со надеж дека ќе им прости, но некои се обидуваат да го заборават неверството и се надеваат дека нивниот партнер никогаш нема да открие. Погледнете ги 7-те причини за криењето на вистината.
1. „Не сакам да го повредам партнерот само за да ја отстранам мојата вина“
Ова е изговор за избегнување на горчливата реалност и она што може да се случи после признанието. Вината нема да исчезне после признавањето. Понекогаш дури станува посилна откако ќе ја видите болката во очите на вашиот партнер.
2. „Она што не го гледаат очите, ни срцето не го чувствува“
Неверниот маж или жена ќе се прашува зошто воопшто да признава нешто кога врската со другиот љубовник е прекината. Тие веруваат дека она што нивниот партнер не го знае нема да го повреди. Сепак, лагите се зголемуваат со текот на времето и постојано треба да ги покривате старите со нови. Најдобро е да ја кажете вистината пред да биде доцна.
3. „Ако признам, партнерот ќе ме напушти и ќе го изгубам семејството“
Жртвите на неверство веројатно ќе си помислат: „Требало да мислиш на семејството пред да ме предадеш.“ Но не ја чувајте вашата афера во тајност само за да ја спасите врската – ова не е фер кон вашиот партнер. Ако навистина сакате да ја спасите врската мора да го признаете неверството.
4. „Мојот партнер нема да ја поднесе вистината“
Луѓето настојуваат да „проектираат“, односно доколку се тажни, тие гледаат само тага. Ако се среќни, се фокусираат само на добрите работи околу нив. „Мојот партнер нема да ја поднесе вистината“ е совршен пример за проектирање. Тие се плашат од вистината, па веруваат дека и нивниот партнер го чувствува истото.
5. „Мислам дека можеме да почнеме од почеток без мојот партнер да знае што се случило“
Верувањето во ова е исто како да верувате дека можете да изградите куќа без темел. Ќе издржи малку, но штом ќе дојде посилна бура, куќата ќе биде уништена. Катастрофата е неизбежна кога чувате тајни од вашиот партнер.
6. „Криво ми е и ветувам дека нема да ја повторам грешката“
Треба да го направите тоа, но треба и да признаете за навистина да ги исправите работите. Секој кој ќе признае мора да го отплати својот „долг“. Не е доволно само да си ветите дека нема да ја повторите грешката. Мора да ги му кажете овие работи и на вашиот партнер, не само на себе.
7. „Премногу сум уплашен/а“
Ова е веројатно најголемата причина за криењето на вистината. Ако некогаш сте скршиле некој предмет на вашите родители, сигурно се сеќавате на чувството во вашиот стомак. Мислите за како да го поправите, замените, скриете или пак да обвините некој друг сигурно ви поминале низ глава. Но само една мисла е правилна: да признаете. Неверниците нека ја искористат мудроста и љубовта кон нивниот партнер за полесно да признаат. Со помош од партнерот и со желба за промена тие можеби ќе го спасат бракот и ќе ја надминат болката од минатото.
Погледнете и што треба да направите доколку преживеете неверство.