Зошто луѓето лажат и како да се справите со лажговци?

Зошто луѓето лажат и како да се справите со лажговци?

Луѓето одвреме-навреме се наоѓаат во ситуации каде што имаат потреба да излажат или биле излажани. Иако никој не сака да биде измамуван на овој начин, секој од нас лаже, се согласувате? Понекогаш му простуваме на лажгото, а понекогаш не. Но што ја прави разликата? Колку често нè лаже тој некој, и најважно, која била намерата зад самата лага. Постојат лаги чија цел е да повредат или да избегнат повредување. Лажењето е лошо, но самата намера може да биде и добра. Едноставно, има два вида лаги, безопасни и опасни.

zoshto--lugjeto-lazhat-i-kako-da-se-spravite-so-lazhgovci-kafepauza.mk

Не се сите лаги опасни…

Лагите кои не се опасни се оние кои немаат намера да повредат некој. Тие вклучуваат менување или преувеличување на фактите. Овие лаги најчесто се со следниве намери…

Избегнување да се повредат другите

Вакви лаги се кажуваат за да си ја заштитиме вредноста или да бидеме заштитени од некои сурови вистини. На пример, мајката им кажува на своите деца дека татко им заминал негде далеку и нема да се врти долго време. Вистината е дека нивниот татко е војник кој загинал додека бил на должност. Мајката во овој случај, не сака нејзините деца да знаат за смртта туку сака да продолжат да живеат среќен живот.

Избегнување конфликти во социјалната интеракција

Овој вид лаги се кажуваат со цел да ја задржат пријатноста на социјалните настани. Добар пример се големите премиери. Новинарите секогаш ги почнуваат нивните интервјуа воодушевувајќи се од облеката на другите. Тоа можеби не е нивно искрено мислење, но на интервјуираниот сигурно му годи да има толку шармантна личност пред себе.

Самите се заштитуваме така што не дозволуваме другите да ги знаат нашите стравови и несигурности

Ова вклучува задржување на некои работи за себе со цел да ги скриеме нашите стравови и несигурности. Некогаш едноставно не сакаме другите да знаат премногу работи за нас. На пример, некои сеќавања за кои ни е криво или лоши моменти од минатото, обично не ги раскажуваме за да избегнеме преживување на неубавите моменти.

Чување на нашата гордост и самодоверба

Овие лаги најчесто се кажани од луѓе кои се насочени кон себе, но немаат за цел да повредат никого. Наместо тоа, тие пробуваат да ја зголемат својата самодоверба или да одвлечат нечие внимание со преувеличување. Најчесто ова се луѓе кои се потпираат на признанијата на другите за да се почувствуваат силни.

Безопасните лаги, без разлика на нивната намера, можеби и не се толку добри. Ако никогаш не ја откриваме вистината за нас, како можеме да изградиме вистински пријателства? Сепак, во споредба со опасните лаги, овие предизвикуваат многу помалку штета.

Пазете се од отровните лаги!

Опасните лаги, од друга страна, се вистински убијци на врските. Почнуваат со злобни намери и манипулација на партнерот. Се создаваат „лажни“ факти за да натераме некого да ни направи услуга. Ова се лагите на кои треба да внимавате…

Придобивање на довербата и љубовта на другите

Ова вклучува менување на фактите со цел да се направи импресија дека другите се од корист. На пример, на овој начин можеме да ја придобиеме довербата од другите за да имаме блескава иднина во кариерата. Ова најчесто се случува во светот на бизнисот кога сакаме да имаме колеги кои повеќе ќе соработуваат со нас или некој постар што повеќе ќе не поддржува. И овде почнува ласкањето и лажењето. Друг пример е кога сакаме да добиеме интервју или да ги импресионираме другите на интервјуто така што ја криеме нашата вистинска личност.

Избегнување одговорност

Секој од нас ги мрази казните. Никогаш не ги бараме, но понекогаш тие едноставно доаѓаат. Ова е моментот кога пробуваме со лага да се извлечеме од нив. Ова не е фер и за да биде уште полошо, може да се случи некој невин да ја преземе одговорноста за нашите постапки. Лагите од овој тип сигурно најчесто се сретнуваат на факултет. Кога професорот прашува кој го направил лошото дело, секогаш одбиваме да признаеме и покажуваме кон некој друг.

Користење на другите

Оваа опасна лага е кажана кога сакаме услуга од некој кој знаеме дека не би ни ја пружил. На пример, кога баш и не ни се работи и сакаме со некој да го поделиме „товарот“, ќе се преправаме дека не ни е добро или дека имаме некоја итна ситуација која не може да се одложи.

Не постои универзален начин за справување со лажговците

Прво и најважно, начинот на кој ќе се справиме со некој лажго целосно зависи од тоа дали сакаме да го задржиме досегашниот однос со него/неа. Покрај тоа, треба да се утврди и видот на лагата. Никој не сака да биде погубен на првото судење.

Оние кои кажуваат безопасни лаги

Чувајте ја за себе

Изложувањето на лага е опасно. Може и нас и лажгото да нè стави во неудобна положба. Лажгото е како осомничен кој го испрашуваат. Ова е неубаво чувство и ќе ни биде жал за нив бидејќи тие не сакале да нè повредат. Зошто да не го чувате како тајна? Само продолжете натаму како ништо да не знаете за тоа. Ја научивте позадината за нечие дисфункционално семејство? Фокусирајте се сегашноста и на среќната иднина што ќе ја имате со таа личност. Ако нема никакво влијание на нас, подобро е да не го разоткриваме.

Разоткријте ја лагата, но направете сите да се чувствуваат добро

Замислете дека некој пријател одбил да излезе со вас со изговор дека треба да работи прекувремено. Но сепак, подоцна откривате дека тој/таа отишол на пиво со друга група пријатели. Во овој случај, можете да се обидете да ја разоткриете лагата додека истовремено се погрижите и лажгото да се чувствува добро. Ова може да се направи на тој начин што ќе почнете да измислувате причини за неговата/нејзината лага. Лажгото тогаш ќе биде свесен дека вие знаете за лагата, но дека пробувате да ја средите работата. Уште поважно, ова може да ви го зајакне пријателството, бидејќи тој или таа ќе знаат дека сте пробале да го избегнете срамното соочување и веројатно нема да излажат по втор пат.

Разоткријте ја лагата, но покажете разбирање

Последниот начин е да покажете разбирање кон лажгото. Кажете му дека ја разбирате потребата да излаже и дека го прифаќате тоа. Понекогаш лагите се кажани за личноста сама да си се заштити, и единственото нешто што таа го сака е вашето прифаќање, а не некои други услуги. Тогаш би требало да го искажете вашето разбирање и да им простите.

Оние кои кажуваат опасни лаги

Правдата треба да биде доделена

Разоткријте ги и не се плашете од директното соочување. Имајте на ум дека тие ве користат и дека тоа треба да престане. Покрај разоткривањето, би требало и да се оддалечите од тие лажговци и да бидете повнимателни во иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар