Зошто љубовта не е доволна во љубовната врска?
За жал, честопати постои јаз помеѓу љубовта што ја чувствувате кон некого и емоционалната интимност што ја доживувате со некого. Така, може да се случи да се заљубите во некого, а притоа да почувствувате недостаток на доверба и безбедност. Токму овие елементи се неопходни за понатамошен развој на врската.
Кога се чувствувате безбедни со некого, тоа ви помага да се опуштите и да бидете слободни, без да се плашите дека ќе се засрамете или ќе бидете критикувани.
Освен тоа, кога не се чувствувате безбедни несвесно правите сè за да се заштитите, како на пример го сведувате на минимум контактот со партнерот. Од друга страна, кога се чувствувате безбедни, довербата и интимноста се продлабочуваат. Верувате дека партнерот има желба и волја да ве слуша и да ја разбере вашата вистинска природа.
Безбедноста во врската ви ја дава и слободата да бидете свои. Тоа значи дека партнерот ве прифаќа онакви какви што сте. Но, безбедноста во врската се заснова и на вистината бидејќи не можете да се чувствувате безбедни доколку некој ве мами или доколку не прави ништо за да го докаже тоа што го ветува. Со други зборови, отворената комуникација е клучот за воспоставување интимност и безбедност во врската.
Откако прочитавте зошто љубовта не е доволна во љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и како да се справите со траумата од претходната љубовна врска.
Извор: themindsjournal.com