Зошто љубовната врска со жена со чисто и отворено срце е најголем предизвик?

Зошто љубовната врска со жена со чисто и отворено срце е најголем предизвик?

Многу мажи тврдат дека искреноста е она што го сакаат во односот и ги обвинуваат жените за манипулација и неискреност. Но, кога навистина ќе се сретнат со искрена личност, многу брзо заклучуваат дека искреноста воопшто не е она што го замислувале и дека таа е најчесто непријатна. Искрените жени имаат незгодна навика да бидат искрени во сѐ.

1. Таа не се двоуми да ви ја каже вистината

Можеби и се двоуми, но на крајот сепак ви ја кажува вистината, бидејќи тоа е она што најдобро го знае. Таа вистина можеби е смешна, болна, непријатна, крајно неповолна за неа, или крајно предизвикувачка за вас, но сепак таа ќе ви ја каже, таква каква што е. Доколку не сте навикнати на отвореност и непосредност, ќе се збуните, а многу веројатно и ќе се навредите, но тоа е ваш проблем, а таа и на тоа ќе ви го сврти вниманието.

2. Таа поставува непријатни прашања

Можеби нејзините прашање се премногу длабоки, или премногу лични, бараат да размислувате за чувствителни работи кои подобро би ги сокриле, или отвораат болни теми, кои подобро би ги заобиколиле. Со непријатните прашања и тешките одговори, таа е целосно на свој терен, а вие сте на лизгав.

3. Таа ги руши вашите ѕидови

Искрената жена со сигурност знае дека имате воздржувања, одбранбени механизми и емотивни ѕидови кои треба да се рушат и тоа го прави. Таа ги минува вашите граници и прецизно ги пронаоѓа слабите места во вашите ѕидови. Со неа постојано сте надвор од вашата удобна зона и во исчекување на тоа што треба следно да се случи, но во едно секогаш можете да бидете сигурни – без разлика што ќе ја прашате, секогаш ќе добиете искрен одговор.

4. Таа отворено зборува за своите чувства

Нејзиниот отворен настап за вас е можеби премногу агресивен, па кога ќе се поставите одбранбено во однос на нејзините барања (што бара во љубовната врска и што ѝ пречи во истата) ќе бидете целосно збунети и разоружени пред нејзината ранливост, која исто така воопшто не ја крие. Таа е отворена за сите свои чувства, а нивниот спектар е толку широк, длабок и комплексен што ќе ви се заврти во глава. Како некој може да ги чувствува сите тие чувства одеднаш?

5. Таа не игра емотивни игри

Верува во вистинска љубов и помалку од тоа не ја интересира. Ако сте научени на емотивни игри, на прикриени значења и потребата нечии зборови и однесувања да ги „преведувате“ и разоткривате, ќе бидете заробени. Кај неа сѐ е на отворено и подобро верувајте ѝ кога ќе ви каже дека нешто е така како што е, отколку залудно да го барате скриеното значење и да се прашувате што сакала да каже или да постигне со тоа. Можеби ви е непријатно што некој толку ги „соголува“ своите желби и очекувања, можеби мислите дека жената треба да биде таинствена и да ви овозможи да ја разоткриете и дека љубовта треба да биде романтична и опојна, но во тој случај многу ќе се намачите со искрената жена. Таа е романтична и нежна, но истовремено е и практична и не трпи глупости. И многу подобро од вас знае што е љубов. Обидете се да научите нешто од неа.

6. Таа нема да ви ја засладува вистината за полесно да ја проголтате

И еве ја нејзината најголема, а можеби и најнеподнослива маана – нејзе не ја интересира да се занимава со негување и одржување на вашето его. Таму каде што некоја друга жена би ве охрабрувала, упатувала, би ја замаглувала вистината на сите можни начини, за би допре до целта (која вие не ја гледате) преку заобиколни патишта (кои одат околу вашето его и не го загрозуваат), искрената жена ќе ве погоди со вистината, како врел шамар. Таа може да ви ја заблажи горчливата таблета, не е неспособна да го направи тоа. Но, ако постапи така, тогаш ќе работи против себе и против вас и ќе ве презира, бидејќи едноставно барате да ве толерира онаму каде што треба да добиете добро опоменување, за да ја запознаете границата на вашата сила. Со тоа што ве „удира“ директно ва вашата гордост, таа ви покажува почитување и доверба, бидејќи тоа не е дрскост и желба да ве повреди, туку свест дека сте способни и дека таа треба да ве опомене. Она ви го дава најдоброто од себе – својата искреност и отвореност, а вие навредете се, доколку не сте дораснати за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар