Зошто комплицираните жени ги привлекуваат најдобрите мажи?

Зошто комплицираните жени ги привлекуваат најдобрите мажи?

Дали мислите дека сте премногу комплицирани за да си најдете партнер? Размислете повторно. Жените се комплицирани од добра причина: За да ги издвојат лошите, очајните и напорните момци од оние кои навистина би можеле да ги сакаат, ценат и обожуваат. Она што мажите го нарекуваат „играње игри“ е всушност несвесно тестирање од страна на жените. Станува збор за нешто толку несвесно што тие не ни знаат дека го прават.

Зошто комплицираните жени ги привлекуваат најдобрите мажи?

Овие тестови се шанси за мажите да докажат дека тие се „вистинските“, дека се посветени и сериозни во нивните намери да ги заштитуваат, љубат и да им бидат лојални на жените. Еве како изгледа тоа во вистинскиот живот:

Дечко и девојка отишле во кино. Доцна е и почнало да врне снег. Дошле со различни возила и се паркирале на спротивни страни од паркингот. Сега планираат да одат во ресторан за да продолжат со вечерта. Кога ќе сфатат дека се паркирани на различни страни, тој ќе ѝ понуди да ја испрати до нејзиниот автомобил.

  • Таа вели: „Не, нема потреба. Паркиран си на другата страна од паркингот. Ќе се најдеме во ресторанот за неколку минути.“
  • Тој тоа го разбира како: „Ја ценам твојата понуда, но нема потреба“, па затоа ја прегрнува и се упатува кон неговиот автомобил.

Тој само што падна на тестот. Несвесно, таа му дала шанса да ѝ покаже дали тој е мажот што ѝ треба. Тој би требало да ѝ каже: „Не ми е проблем, плус носиш штикли на снегов. Со задоволство ќе те испратам. Ќе стигнеме до твојот автомобил, па ќе се вратиме за да го земам мојот. Освен тоа, ќе ти треба некој за да го исчисти снегот од колата додека чекаш да се загрее.“

На овој начин, тој не само што ќе докаже дека е џентлмен туку и ќе има можност да создаде физичка блискост кога ќе одат по снегот рака под рака. Таа потоа почнува да размислува за следново: „Дали ќе му дозволам на овој маж да добие пристап до мојот ум, тело и душа?“

Зошто комплицираните жени ги привлекуваат најдобрите мажи?

Сигурно се прашувате дали на момците им се допаѓаат комплицираните жени. На жената ѝ треба да почувствува дека мажот ја разбира нејзината потреба од заштита и восхит. Созреаните мажи се способни за тоа. Оние коишто не се подготвени за сериозна врска, не ги разбираат женските потреби. Мудрата жена го чека мажот што ќе добие петки на сите тестови и ќе ги надмине оние што не ги исполниле нејзините несвесни стандарди.

Додека мажот не стане способен да ги чита овие знаци и да ги положува тестовите, тој не може да создаде простор каде што жената ќе се чувствува сакано, па затоа вратата до нејзиното тело и срце ќе остане затворена.

Жената која ќе прифати врска со маж кој е генерално пристоен, но паднал на овие тестови, на крајот ќе се разочара. Тоа не се случува затоа што дечкото нема потенцијал да стане добар партнер, туку затоа што сѐ уште не е целосно созреан.

Жените кои не отстапуваат од нивните високи стандарди привлекуваат мажи кои се подготвени да се потрудат и да откријат како да остварат вистинска конекција. Комплицираните жени со сигурност ќе завршат со прекрасни мажи, наместо со напорни и незрели.

Во продолжение, прочитајте ги следниве 10 знаци дека сте алфа жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар