Зошто компирот треба почесто да биде дел од вашата исхрана?

Зошто компирот треба почесто да биде дел од вашата исхрана?

Компирот може да биде прилично здрав додаток на вашите оброци, а и сите се имаме уверено колку е вкусен. Покрај тоа, тој е лесен за готвење и е секогаш меѓу најевтините опции. Во продолжение прочитајте зошто компирот треба почесто да биде дел од вашата секојдневна исхрана.

Зошто компирот треба почесто да биде дел од вашата исхрана?

1. Компирот е богат со калиум

Бананата не е единствената намирница преку која можете да ја внесете вашата дневна доза на калиум. Компирот, исто така, е богат со оваа хранлива материја и затоа тој е одличен избор, особено кога сте уморни од бананите. На вашето тело му е потребно калиум кој го регулира крвниот притисок. Ниското ниво на калиум во организмот може да доведе до појава на срцеви заболувања.

2. Нискокалорична храна

Во поглед на калориите, компирот е нискокалоричен со оглед на тоа дека во компир со средна големина се содржат само 150 калории. Затоа печениот компир е идеален за вечера. Сепак, внимавајте да не користите премногу путер додека го приготвувате компирот.

3. Ја подобрува работата на срцето

Компирот содржи влакна кои помагаат при отстранување на вишокот холестерол од крвотокот при што го намалуваат ризикот од срцев удар. Компирот се карактеризира со низок холестерол, па затоа е важно што почесто да го консумирате.

4. Добар е за коските

Дали знаевте дека и компирот може да биде исто толку добар за вашите коски како и млекото? Компирот содржи многу хранливи состојки како магнезиум, железо, фосфор и цинк кои им помагаат на коските да останат во добра форма и го намалуваат ризикот од кршливост и остеопороза.

5. Ја прави кожата посјајна

Витаминот Ц е уште една хранлива материја која се содржи во компирот. Се работи за состојка која придонесува за производството на колаген што ја прави вашата кожа сјајна и здрава. Покрај тоа, витаминот Ц е и антиоксиданс, односно делува против слободните радикали кои можат да доведат до предвремено стареење како и рак на кожата.

6. Лесен за готвење

Разните начини на кои можете да ги приготвувате компирите се уште еден знак дека тие никогаш нема да ви здодеат. Можете да ги испечете и да ги послужите со пилешко, или да направите пире од компири. Друга опција која ви ја препорачуваме е да уживате во печен компир со зеленчук и сирење.

Откако прочитавте зошто треба често да консумирате компир, можеби ќе сакате да го прочитате и нашиот рецепт за крцкави компири со сирење.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар