Зошто интровертите сакаат да поминуваат повеќе време сами?

Зошто интровертите сакаат да поминуваат повеќе време сами?

Интровертите често се погрешно разбрани од луѓето кои се карактеризираат со друг тип на личност. Тие се луѓе кои претпочитаат осаменост отколку дружење и се познати како срамежливи, повлечени и интроспективни. Тие само сакаат да поминат одредено време сами за да ги наполнат батериите и ефикасно да функционираат.

Зошто интровертите сакаат да поминуваат повеќе време сами?

Интровертите не се асоцијални и не ги мразат луѓето. Едноставно, тие имаат тенденција да се чувствуваат преоптоварени и фрустрирани кога им снемува енергија и кога се принудени да се дружат со другите. Па, зошто интровертите сакаат да бидат сами?

1. Им треба време за размислување

Интровертната е интроспективна личност која ужива да размислува за нејзините мисли и искуства. Тоа ѝ дава можност да размисли за животот, да се спознае подобро себеси и да донесе подобри одлуки во иднина.

2. Потребен им е повеќе простор без никакви надворешни стимулации

Ова е една од најважните причини зошто на интровертите им треба повеќе време да бидат сами. Тие се многу чувствителни на надворешни дразби, како што се бучава, гужви и светла. Од друга страна, кога се сами, се чувствуваат поудобно.

3. Подобро можат да ја истражуваат сопствената креативност

Многумина интроверти имаат креативни хобија во кои уживаат кога се сами, како што се пишување, сликање или свирење инструмент. Тоа им овозможува да ја искористат максимално својата креативност без да чувствуваат некаков притисок од другите.

4. Уживаат во чувството на целосна слобода и автономија

Кога се сами со себе, интровертите имаат можност да го прават она што сакаат без да се усогласуваат со очекувањата на другите.

5. Воспоставуваат подлабока врска со себе

Интровертите се тип на луѓе кои ги ценат длабоките и значајни врски со другите, а моментите на самотија им помагаат да се поврзат со себе на подлабоко ниво. Освен тоа, истражувајќи ги сопствените мисли и емоции сфаќаат кои се и што сакаат во животот.

Откако прочитавте зошто интровертите сакаат да поминуваат повеќе време сами, можеби ќе сакате да прочитате и и за 7-те причини поради кои интровертните луѓе се попривлечни од останатите.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар