Зошто интелигентните поединци ги одбегнуваат просечните луѓе?

Зошто интелигентните поединци ги одбегнуваат просечните луѓе?

Можеби сте чуле дека успешните претприемачи и визионери се осаменици. Знаете дека за да постигнете успех, треба да се ослободите од сите негативни луѓе и да се опкружите со поединци кои размислуваат исто како вас. Дали постои некаква вистина во сето ова? Дали има научно докажани аргументи за тврдењето дека вистинските луѓе ни помагаат да напредуваме, а погрешните нѐ уназадуваат?

Зошто интелигентните поединци ги одбегнуваат просечните луѓе?

Кога Соломон Еш, психолог од 1950-тите во колеџот Свартмор, побарал од група волонтери да ја проценат должината на вертикална црна линија на бела картичка, дошол до интересен заклучок. Тој дознал дека проценката на сите учесници варирала во зависност од туѓото мислење. Поединецот кој бил опкружен со луѓе што ја прецениле должината на линијата, исто така ја преценил нејзината должина. Истото важело и за потценувањето на должината. Испитаниците буквално ја гледале линијата на различен начин во зависност од луѓето околу нив.

Сигурно ќе се запрашате како може црната линија да изгледа различно во зависност од туѓото мислење? Еш само го потврдил она што социопсихологот Гистав Ле Бон го напишал половина век претходно во неговото најчитано дело „Психологија на толпата“, кое го прочитале личности како Ленин, Мусолини и Хитлер. Ле Бон пишувал дека кога се наоѓате во поголема група луѓе „чувствата и идеите на сите поединци заземаат една иста насока и нивната свесна личност исчезнува“.

Што се случува во вашиот мозок?

Кога имате мислење, идеја или желба што се совпаѓа со онаа на луѓето околу вас, се активира делот од мозокот одговорен за среќата и задоволството и вие почнувате да се чувствувате добро. Од друга страна, пак, ако вашето мислење, идеја или желба се разликуваат од оние на луѓето околу вас, се активира делот од мозокот одговорен за болката. Кога ќе се случи тоа, вие постапувате на еден од следниве два начина:

Прва опција – Се преправате дека се согласувате со другите, но потајно сѐ уште верувате во вашите ставови и размислувања.

Втора опција – Вашиот мозок активно го менува вашиот начин на размислување и ги обликува вашите мисли така што тие почнуваат да се совпаѓаат со оние на толпата.

Зошто интелигентните поединци ги одбегнуваат просечните луѓе?

Неодамнешните истражувања покажале дека ја користите втората опција почесто одошто мислите. Мрежата во мозокот помеѓу медијалниот фронтален кортекс и предната инсула ги памети „грешките“ при вашите (не) согласувања со луѓето околу вас. Таа станува активна веднаш штом вие и толпата нема да се согласите околу нешто и ги поттикнува обидите на вашиот мозок да ги намали несогласувањата. Докажано е дека оваа мрежа станува активна пред луѓето да ги променат нивните тврдокорни убедувања со цел да ги изедначат со мислењата во кои се преправаат дека веруваат.

Што значи сето ова?

Дури и да имате брилијантни, креативни и современи размислувања, вие сте изложени на ризикот од тоа да ги напуштите вашите бизнис идеи, да ги промените вашите верувања и да потклекнете под песимизмот на негативците, доколку се опкружите со нив. Од друга страна, пак, ако се опкружите со позитивни и енергични претприемачи кои ќе го поттикнат вашиот успех, ќе ги променат вашите длабоки мисли и ќе ве охрабрат да размислувате како нив, ќе станете покреативни дури и да не сте имале интересни идеи порано.

Ако толпата може да го промени вашето мислење, тоа значи дека може да го промени и вашиот идентитет. Кога ги одбирате луѓето кои сакате да бидат околу вас, ја одбирате и личноста во којашто сакате да се претворите еден ден. Направете паметен избор!

Во продолжение прочитајте зошто интелигентните луѓе не се среќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар