Зошто и кога е во ред да се оддалечите од членовите на вашето семејство?
Семејните врски можат да бидат навистина комплицирани. Повеќето луѓе чувствуваат многу вина ако сериозно размислуваат да се оддалечат од близок член на семејството. Дури и кога станува збор за нивното здравје. Но, без разлика колку тежок може да биде овој избор, постојат многу причини поради кои оваа тешка одлука може да биде добра и за вас и за членот од семејството.
Навистина не можете да го одберете семејството во коешто ќе се родите. Но, дефинитивно можете да одберете да се оддалечите од некои членови ако се токсични и ако ви предизвикуваат само болка. Без сомнение ова е навистина тешка одлука, но ако тоа е единствениот начин да се поштедите од страдање, можеби тоа е вистинското решение. Следниве 5 причини се доволни за да се оддалечите од токсичните членови на семејството.
1. Тука се за вас само кога им треба нешто
Кога имате здрава врска со членовите од вашето семејство, ќе сфатите уште многу рано дека тие се тука за вас и во добро и во зло. Всушност, воопшто нема да се двоумат ако ви е потребна помош или поддршка. Но, ако вашето семејство е тука за вас само кога им треба нешто за возврат, тогаш е време да размислите дали навистина сакате да бидат дел од вашиот живот. Она што ви го нудат е условна љубов, ако воопшто може да се нарече љубов. Сериозно размислете дали е ова врската со семејството што сакате да ја имате.
2. Ви судат
Светот е полн со луѓе кои судат, па сосем нормално е да се соочите со нешто вакво во текот на вашиот живот. Но, тоа судење не треба да потекнува од членовите на вашето семејство. Ако станува збор за конструктивна критика, тогаш е во ред бидејќи тие сакаат да станете најдобрата личност што можете да бидете. Но ако вашето семејство ви суди до тој степен што ви ја повредува самодовербата и чувствата, најдобро е да си заминете. Луѓето во вашиот живот треба да ве издигнуваат, не да прават да се чувствувате полошо.
3. Ве озборуваат
Ако семејството ве третира вам и вашиот живот како да сте некоја серија за раскажување, тогаш најдобро е повеќе да не им кажувате ништо. Уште подобро е ако целосно се оддалечите од нив. Кога со семејството ги споделувате вашите проблеми и ви е потребна утеха, најмалку што можат да направат е да ја почитуваат вашата ранливост и вашата приватност. Ако секое споделување завршува со озборување, не треба да го толерирате тоа.
4. Манипулативни се
Ако забележите дека еден ден семејството ве навредува, а наредниот се однесува добро кон вас, време е да преземете нешто. Здравата врска со семејството треба да биде токму тоа – здрава. Вашето семејство не може еднаш да биде злобно кон вас, а наредниот ден да го прави сосем спротивното. Во овој случај најчесто станува збор за манипулација. Кога ќе забележат дека се оддалечувате од нив, тие ќе се обидат да ве вратат назад и го менуваат нивното однесување. Целта на ова е да не изгубат контрола врз вас.
5. Ве „полудуваат“
Постои уште една техника за манипулирање која ја користат членовите од семејството. Со оваа техника тие прават да се чувствувате немоќно, да не ѝ верувате на вашата перцепција, меморија, па дури и да помислите дека полудувате. Ако забележите дека семејството направило нешто погрешно, но кога ќе ги соочите со тоа одбиваат да признаат, можно е да ве манипулираат. Кога ова станува постојан циклус и ве прави да се чувствувате немоќно, време е да се оддалечите од нив.
Навистина е полесно само да помислите отколку навистина да го напуштите семејството. Но ако некој од членовите е токсичен кон вас, најдоброто нешто што можете да го направите за себе е да си заминете.
Погледнете и кои се знаците дека сте пораснале во нефункционално семејство.