Зошто и без конзерванси храната во тегла останува долго свежа?

Зошто и без конзерванси храната во тегла останува долго свежа?

„Како да се направи зимница без конзерванс“ – во моментов е еден од најпребаруваните рецепти на интернет. Лесно може да го најдете одговорот. Свежиот зеленчук за туршија нема да ги изгуби витамините и ќе ја задржи истата текстура ако го подготвите според препораките.

Зошто и без конзерванси храната во тегла останува долго свежа?

По рецептот на нашите баби

И нашите баби подготвувале зимница без конзерванси. Самиот процес подразбира:

  • Пред се високо ниво на хигиена на кујната и површините на кои се подготвува храната, како и на рацете, теглите и капаците.
  • Теглите во кои се става зимница мора да бидат добро измиени па провриени во вода што врие. Високата температура ги убива сите бактерии и микроорганизми кои би можеле да ја расипат зимницата.
  • Зеленчукот треба добро да се измие и исуши, ајварот добро да се изпржи, а џемот добро да се испече. Потоа се става во топли тегли (некои мајки и баби стерилизираните тегли ги чуваат во топла рерна додека да дојде моментот да се стави, на пример, џемот).
  • Додека е сѐ сеуште топло треба веднаш да се затвори капакот, да се створи вакум и самата топлина да го извлече целиот кислород кој е погоден за развој на бактерии.
  • На крајот, теглите се завиткуваат во ќебе и се оставаат во текот на ноќта по природен пат да се изладат.

Зошто и без конзерванси храната во тегла останува долго свежа?

Вака подготвен џем или ајвар може да остане свеж и 7-8 години!

Детска храна без конзерванси

Родителите повеќе не мора да се грижат затоа што на пазарот се појавија теглички со детска храна од 100% природни состојки. Тегличките се потполно безбедни, херметички се затворени така што храната во нив трае и до 2 години (24 месеци). Со цел храната за нашите најмали да биде што побезбедна на тегличките има заштитна фолија која штити од светлина, прашина и од отворање што воедно гарантира и зачувување на свежината. Сигурен знак дека тегличката е исправна е звукот налик на клик кој треба да се слушне при отворањето.

Зошто и без конзерванси храната во тегла останува долго свежа?

Дополнителни бенефити на BFF тегличките се: прозорче од десната страна низ кое се гледа конзистеницијата на содржината на тегличката и линијата со која е облежана точно на половина за да не мора да го мерите оброкот.

Детска храна без додатоци

Што всушност значи храна без додатоци:

  1. Без додадени бои и ароми – ниедна детска храна, според правилникот за диететски производи и правилникот за исхрана на новороденчиња и мали деца, не смее да содржи ГМО намирници, не смее да има адитиви, конзерванси и ароми.
  2. Без додаден шеќер – содржи фруктоза – шеќер кој потекнува од овошје. Обичниот бел шеќер дава чувство на ситост ( поспоро се разложува па организмот не го регистрира) но организмот брзо по оброкот пак го бара додека кај фруктозата тоа не е случај.

Комерцијален текст

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар