Зошто ги отфрламе работите кои имаат тенденција да бидат нашиот вистински избор?

Зошто ги отфрламе работите кои имаат тенденција да бидат нашиот вистински избор?

Идејата за она што е „правилно“ за една личност е концепт со кој многумина се обидуваат да се справат, а повеќето претпочитаат и воопшто да не размислуваат за тоа. Станува збор за егзистенцијално прашање на кое најчесто нема одговор, туку само обиди за негово решавање, пропратени со болка и фрустрација. Можеби токму еден од тие обиди е да престанеме со барањето на работите кои сметаме дека „ни припаѓаат“ и наместо тоа, да престанеме да ги отфрламе работите кои навистина ни припаѓаат. Ајде да ги откриеме причините зошто се спротивставуваме да го прифатиме она што веќе е наше.

Зошто ги отфрламе работите кои имаат тенденција да бидат нашиот вистински избор?

1. Немаме моќ да одредиме дали нешто е правилно за нас или не

Честопати, желбата за сигурност е таа што нè тера да ги избегнеме работите кои се чини дека се добри за нас. Ги отфрламе можностите само со една проценка, без да пробаме и да видиме како функционираат. Со други зборови, ги отфрламе работите само затоа што веќе сме ги „етикетирале“ како несоодветни.

2. Нашата идеја за она што е „правилно“ и реалноста се две различни нешта

Да претпоставиме дека сме запознале нова личност за која сме се приврзале за кратко време, но таа личност не исполнува голем дел од стандардите кои ние сме си ги поставиле како „апсолутно важни во нашата љубовна врска“. На сите нам ни е добро познат исходот: судир на реалноста и на она што ние мислиме дека е правилно.

3. Знаеме што е правилно за вас, но не веруваме дека го заслужуваме тоа

Многумина од нас знаат дека здравата љубовна врска е правилниот избор што можеме да го направиме, но доколку не веруваме дека заслужуваме таков однос, тогаш врската е осудена на саботажа.

4. Повеќето од нас се фокусираат на она што го немаат или не можат да го имаат

Доколку постојано го насочуваме вниманието кон она што го немаме, нема да можеме да го задржиме тоа што веќе го поседуваме, а тоа уште повеќе ќе ни ја отежни потрагата по внатрешен мир.

5. Доколку прифатиме нешто, тоа значи дека треба да се помириме со сегашниот момент

На многумина од нас не ни успева ова. Кога ќе сфатиме дека нашата работа е вистинскиот избор што сме можеле да го направиме, или пак сме во врска која потполно одговара на нашите очекувања, се чувствуваме како веќе да немаме никаква инспирација и мотивација за да одиме напред. Наместо тоа, мораме да се фокусираме на сегашноста.

Откако прочитавте кои се причините зошто ги отфрламе работите кои се вистинскиот избор за нас, можеби ќе сакате да прочитате и што сака од вас вашето незадоволство.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Остави коментар