Зошто емоционалната интелигенција е клучна за вашиот успех?

Зошто емоционалната интелигенција е клучна за вашиот успех?

Емоционалната интелигенција е способноста за разбирање и справување со емоциите така што ја одржувате хармонијата и во вас и во социјалниот живот. Има 4 вештини кои спаѓаат овде:

  • Свесност за себе: способноста да ги разберете вашите емоции.
  • Управување со себе: способноста да го прилагодите вашето однесување
  • Социјална свесност: способноста да ги идентификувате емоциите на другите.
  • Управување со врски: способноста да создадете хармонија во вашите врски.

kako-emocionalnata-inteligencija-e-kluchna-za-vashiot-uspeh-kafepauza.mk

Внатрешна хармонија

На лично ниво вие ја градите свеста за себе преку вашите способности и пречки. Вие го користите ова знаење за да изградите здрав карактер и за да ги постигнете вашите цели.

Социјална хармонија

На социјално ниво, вие се сочувствувате со другите луѓе и ги разбирате нивните чувства и потреби. Вие го користите ова знаење за да изградите стабилни врски и за ефикасно решавање на проблемите во врските. Па кои се придобивките?

Станувате свесни за себе

Свесноста за себе е клучна за напредување во животот и кариерата. Ова е најважната вештина која можете да ја научите. Без знаењето кои сте навистина, вашиот поглед е замаглен со лажни претпоставки за вашите способности. Вистината е дека многу луѓе не ги знаат нивните силни и слаби страни. Вие мора да сте свесни што е тоа нешто што го правите подобро од сите, и да станете професионалец за истото.

Преземете акција за остварување на вашите цели

Истражувањата докажуваат дека најуспешните луѓе не се оние со највисок коефициент на интелигенција (IQ), туку оние со највисок коефициент на емоционална интелигенција (EQ). Многу луѓе само зборуваат што планираат да направат, но емоционално интелигентните луѓе преземаат нешто во врска со планот. Тие знаат што сакаат, а што не, и знаат што им е потребно за да се мотивираат.

Збогувајте се со стресот

Рокови, шефови кои бараат премногу, нестабилен приватен живот – ова се само некои од причините кои предизвикуваат стрес. Но доколку работите на вашата емоционална интелигенција, ќе знаете како и кога да кажете доста. Емоционално интелигентните луѓе се во допир со нивните емоции и знаат како правилно да ги насочат. Тие знаат кога треба да ги „наполнат батериите“ користејќи здрави техники за тоа (вежбање, музика, прошетка, медитација…)

Проширете ја вашата мрежа

Новите можности често се појавуваат преку луѓето кои веќе ги познавате. Ако ја совладате емоционалната интелигенција, вие ќе почнете да создавате здрави врски како на работното место, така и во приватниот живот. Емоционално интелигентните луѓе знаат дека хуморот, смеата и играта се тајните за нивната енергија

Емоционалната интелигенција ве учи како да ги разбирате другите. Штом ќе воспоставите одреден ритам во вашиот живот и кариера, вие ќе создадете подобри врски и ќе ги постигате целите побрзо. Ова ќе ви помогне да налетувате на неочекувани и неверојатни можности.

Направете го и овој тест за емоционална интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар