Зошто е здраво лененото семе и како да го користите?

Зошто е здраво лененото семе и како да го користите?

Лененото семе е корисно во превенција и лечење многу болести, а помага и во текот на диетата. Неговата најзначајна состојка е слузта, која се испушта во допир со водата, но сите негови својства најдобро се искусуваат кога тоа се користи мелено. Тоа е богат извор на омега-3 масни киселини, но и со витамини и олигоелементи (калциум, калиум, фосфор, цинк, манган, селен) а содржи и фитоестрогени – бројни хормони чија хемиска структура е слична како онаа на естрогенот. Неговата тенка лушпа е несварлива, богата со целулоза и влакна.

1-zoshto-e-health-lenenoto-seed-and-how-to-go-to-use www.kafepauza.mk_

Лековитите својства на лененото семе се познати уште од антиката и се препорачуваат во лечењето и превенцијата на различни болести – многу е корисно во намалувањето на нивото на холестеролот и превенција кај кардиоваскуларните болести. Омега-3 масните киселини влијаат поволно на намалувањето на крвниот притисок, а содржи и алфа-линоленска киселина која го намалува ризикот од срцев удар.

Лененото семе исто така го намалува нивото на гликоза во крвта, па е доста корисно кај стабилизирањето на шеќерот и се препорачува на личностите кои патат од дијабетес.

Неговото дејство против воспаленијата помага кај артритисот и ги олеснува тегобите, а исто така е и природен лаксатив. Лененото семе набабрува во цревата и испушта слуз, која го регулира варењето на неинвазивен начин, па може да се дава и на бебињата. Ова исто својство ги ублажува тегобите кои ги предизвикува појавата на хемороиди.

Поради големото ниво слуз, помага кај сувата непродуктивна кашлица – го олеснува искашлувањето и ја намалува кашлицата, а се препорачува во оваа намена да се користи во комбинација со слез.

Поради олигоелементите и фитоестрогените, се препорачува на жените во менопауза – претставува одлична алтернатива за естрогенската терапија, а делува и превентивно на појавата на остеопороза.

Превентивно и како средство за дополнителна поддршка во лечењето на ракот на дојката, лененото семе се препорачува поради лигнинот кој има антиоксиданско и антиканцерогено дејство.

Лененото семе е добро при превенција на тумор на простата и дебелото црево, чир на желудникот и гастритис – поради високото ниво слуз, лековито делува на сите аспекти од дигестивниот систем. Тоа ги врзува токсините – солите на тешките метали од цревата и така ги исфрла од организмот, па има доста важна улога во детоксикацијата.

Регенеративното својство на лененото семе ги покажува своите својства на кожата, па е препорачливо кај егзема, псоријаза, акни, но и кај изгореници.

Консумирањето ленено семе има и позитивно влијание врз менталната состојба, така што го намалува ризикот од појава на депресија и помага при помнењето и учењето.

Поради големата количина хранливи влакна, лененото семе е добар додаток на секоја редукциона исхрана, односно ѝ дава поддршка на диетата и слабеењето.

Лененото семе може да се употребува цело, мелено, како чај или во облик на ладно цедено масло.

2-zoshto-e-health-lenenoto-seed-and-how-to-go-to-use www.kafepauza.mk_

Еве неколку начини за подготвување на лененото семе за различни потреби:

За подобро варење (опстипација, хемороиди) потребно е да прелиете две лажички ленено семе со 230 милилитри врела вода, да промешате, да го поклопите и да го оставите да постои околу еден час. За тоа време, лененото семе испушта слуз и се меша со водата, па ќе добиете густ ладен чај, кој не е непријатен за да го испиете. Оваа течност треба да ја прелиете во шолја и да ја испиете наутро, на празен стомак.

Во превенција на срцеви заболувања и инфаркт, се користи мелено ленено семе – две супени лажици сомелено ленено семе треба да ги испиете со многу вода. Наместо мелено семе, може да земете и супена лажица ленено масло.

Во превенција и лекување на остеопороза, треба да користите мешавина од мед, ленено семе, семки сончоглед, тиква и ореви. Потребно е да измешате еднаква количина (по една супена лажица) од сомелените семки и ореви со 500 грама мед и да земате по една лажичка секое утро.

За лечење на сувата кашлица, рецептот е следен: Измешајте еднаква количина ленено семе и црн слез. Од таа мешавина земајте по две супени лажици и прелијте ги со 2 децилитри зовриена вода. Оставете да постои и потоа процедете. Вака добиениот чај, се пие во мали количини во текот на целиот ден.

Во третманот на кожни болести користете масло од лен и масло од сусам измешано во еднакви количини, во кое ќе додадете 10 капки масло од рузмарин. Станува збор за мешавина за мачкање на проблематичните делови од кожата (егзема, псоријаза), а доста е ефикасна во лечењето на себореја – за оваа намена, маслото треба благо да го триете но кожата на главата. Вака направената мешавина од масла, може да се користи како регенеративно пакување за исушените краеви на косата, а одлично е и за нега на сувата и чувствителна коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар