Зошто е важно секојдневно да консумираме витамин Б12?

Зошто е важно секојдневно да консумираме витамин Б12?

Витаминот Б12 спаѓа во групата витамини кои му се неопходни на организмот. Се нарекува уште и кобаламин и е водорастворлив витамин од групата Б-витамини. Со други зборови, витаминот Б12 мора да биде внесен преку исхраната бидејќи телото не може да го продуцира.

Зошто е важно секојдневно да консумираме витамин Б12?

Најдобрите извори на овој витамин се млечните и производите од животинско потекло. Како резултат на тоа, оние кои следат вегетаријански или вегански режим на исхрана, би имале тешкотии да ги задоволат дневните потреби од витамин Б12. Во продолжение прочитајте кои се неговите здравствени придобивки.

Го намалува ризикот од анемија

Анемијата е состојба кога телото нема доволно здрави црвени крвни зрнца. Тоа значи дека не може да го транспортира кислородот до сите делови на телото и може да доведе до замор, студени раце и нозе, отежнато дишење или слабост во мускулите. Витаминот Б12, од друга страна, игра значајна улога при формирањето на црвените крвни зрнца.

Го намалува ризикот од остеопороза

Со оглед на фактот дека овој витамин игра важна улога за нормалното функционирање на ДНК, тој претставува и една од клучните компоненти за формирање на коските. Освен тоа, едно истражување покажало дека индивидуите со повисоко ниво на витамин Б12 имаат и поголема минерална густина на коските.

Ја подобрува работата на срцето

Хомоцистеинот е аминокиселина чија зголемена количина во организмот претставува ризик за развој на кардиоваскуларни или срцеви заболувања. Високото ниво на овој тип аминокиселина укажува и на недостаток на фолна киселина (витамин Б9) и витамин Б12. Покрај тоа, научниците откриле дека витаминот Б12 заедно со другите витамини од групата Б-витамини можат значително да го намалат нивото на хомоцистеин во телото.

Може да го намали ризикот од депресија

Според податоците на СЗО, депресијата е болест која станува сè поприсутна и може да влијае врз поединци од сите возрасти. Едно истражување покажало дека лицата со недостаток на витамин Б12 се соочувале со двојно поголем ризик од депресија за разлика од оние кои внесувале доволна количина на витамин Б12.

Може да ја подобри когнитивната функција

Според едно истражување, постои поврзаност помеѓу концентрацијата на Б12 маркерите во телото, когнитивната функција и волуменот на мозокот. Научниците дошле до заклучок дека ако овие маркери покажат недостаток на витамин Б12 може да се намали вкупниот волумен на мозокот што, од друга страна, може да доведе до нарушена когнитивна функција.

Откако прочитавте за здравствените придобивки на витаминот Б12, можеби ќе сакате да прочитате и како витамините од групата Б влијаат врз вашиот мозок.

Извор: lifehack.org


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар