Зошто е убаво да се дотеруваме?

Зошто е убаво да се дотеруваме?

Кога стана необично да се вложува труд за да се постигне прекрасен изглед? Од кога некој кој НЕ носи тренерки и качулка ги прекршува непишаните социјални правила? И најважно од сѐ, зошто „дотерувањето“ треба да биде само за специјални прилики? Дотерувањето е за секој, а еве 25 причини зошто е позитивно:

zoshto-e-ubavo-da-se-doteruvame-kafepauza.mk copy

1. Затоа што животот е премногу краток за да се вклопите во обичното и да бидете задоволни со просечен изглед.

2. Само еднаш сте млади. Вие сте многу убави сега и имате прекрасно тело на кое во иднина ќе му завидувате. Искористете го и покажете ја вашата убавина.

3. Модата е метод за самоизразување. Што сакате да кажете?

4. Никогаш не знаете на кого ќе налетате. Позната личност во локалното кафуле? Може да се случи.

5. Затоа што ги нервира другите луѓе. Кога некој ќе ве праша што е поводот за вашето дотерување, дајте му на знаење дека се дотерувате и без причина, па нека се чуди.

6. Никогаш не се знае, можеби ќе ве фотографираат за некој моден блог или сајт.

7. Затоа што заслужувате секогаш да изгледате најубаво.

8. Бидејќи никогаш нема да го подобрите стилот ако не се трудите.

9. Затоа што дотерувањето ви ги открива вистинските пријатели. Ако не им се допаѓа начинот на кој се облекувате, тогаш тие не се луѓето со кои треба да сте опкружени.

10. Убавата облека води до комплименти, а комплиментите и до нешто друго…

11. Затоа што забавите не се единствениот период кога може да се забавувате.

12. Поради прекрасниот скап фустан во вашиот плакар кој заслужува да биде облечен повеќе од еднаш.

13. Затоа што е забавно!

14. Дури и да живеете во град каде што модата не е приоритет и ве фаќа страв при помислата да облечете похрабра комбинација, запомнете дека модните градови станале такви само затоа што некој прв почнал. Осмелете се да го направите првиот чекор, а потоа гледајте како сите останати ве следат.

15. Од грешките се учи – направените модни грешки се подобри од живеењето на сигурно. Во ред е да ги направите за да не ги повторите никогаш повеќе.

16. Ја подобрува самодовербата. Необичниот стил е клучен за самодовербата, која прави да се истакнете.

17. Модата е уметност.

18. Имате сѐ што е потребно: одличен стил, самодоверба и прекрасни нозе. Би било штета да не го искористите тоа.

19. Ќе дојде период кога најверојатно ќе работите во фирма со строг дрес код и ќе ви недостасуваат фустанчињата од младоста. Експериментирајте, нема подобар период од сега!

20. Затоа што гламурот не е само за богатите и познатите, иако тие би сакале така да мислите.

21. Бидејќи секој ден можеби ни е последен. Кој би сакал да биде лошо облечен кога ќе умре?!

22. Кери Бредшо никогаш нема да ги одобри тренерките и УГГ чизмите. Можете подобро од тоа и длабоко во себе знаете дека тоа е точно.

23. Затоа што кога сте дотерани не мора премногу да ја средувате косата. Веќе со облеката го привлекувате вниманието на себе.

24. Ништо не е подобро од тоа кога ќе се погледнете во огледало и ви се допадне тоа што ќе го видите.

25. Затоа што вие сакате така. А само таа причина е навистина важна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар