Зошто е толку важно секојдневно да внесувате антиоксиданси?

Зошто е толку важно секојдневно да внесувате антиоксиданси?

Кога се зборува за здравјето, експертите речиси секогаш ги спомнуваат антиоксидансите. Тие се моќни супстанци кои помагаат во намалувањето на ризикот, како и појавата на многу хронични и акутни болести со тоа што ја блокираат оксидацијата на молекулите во телото. Ова се 5-те најмоќни својства на антиоксидансите и клучните причини зошто ни се неопходни.

Зошто е толку важно секојдневно да внесувате антиоксиданси?

1. Слободни радикали

Човечкото тело како нуспроизвод на метаболизмот создава слободни радикали. Тие се сметаат за можна причина за разни болести, прерано стареење, акутни и хронични воспаленија, невролошки и кардиоваскуларни нарушувања и слично. Антиоксидансите се соочуваат со овие разорни ефекти на слободните радикали.

2. Намалување на проблеми

Во природата постои цел спектар антиоксиданси, па многу можат да го заштитат организмот од разни проблеми. Тие го одржуваат здравјето на очите, кардиоваскуларниот систем, но помагаат и со алергии, вируси, артритис и други воспаленија.

3. Антиоксиданси за прекрасна кожа

Кога кожата е изложена на УВ зрачење и други штетни фактори од околината, се оштетуваат липидите, протеините и нејзината ДНК, кои пак се клучни во борбата против црвенило, прерано стареење на кожата, па дури и рак. И овде помагаат антиоксидансите кои ги спречуваат слободните радикали и го подобруваат здравјето на кожата.

4. Антиоксиданси за силен имунитет

Овие моќни супстанци можат значително да го зајакнат имунитетот бидејќи ги штитат ќелиите на клетките и нивната ДНК од мутација.

5. Здравје на мозокот

Како што минуваат годините, нервните клетки ја губат способноста самите да се одбранат од слободните радикали. Антиоксидансите помагаат да се зачуваат меморијата и другите функции на мозокот што е можно подолго.

Сепак, поради денешниот начин на живот, многу луѓе не го примаат потребното количество антиоксиданси. Кога станува збор за храна, најбогати со антиоксиданси се овошјето и зеленчукот. Можете да ги внесете и преку пијалаци како црно кафе, зелен чај и какао.

Погледнете и кои се прехранбените производи кои треба почесто да ги јадете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар