Зошто е толку тешко да се помине животот само со еден партнер?
Речиси и да нема некој кој својата иднина не ја замислува со брачен партнер и неколку деца, но и покрај тоа секој е исплашен од помислата дека од моментот на стапување во брак па сè до крајот на животот ќе мора креветот да го дели само со еден партнер. Тоа предизвикува страв кај многумина, а овие 3 научно издржани податоци покажуваат дека тој страв можеби оправдано е присутен.
1. Моногамијата го убива сексуалниот нагон кај мажите
Според психологот Кристофер Рајан мажите го губат сексуалниот интерес доколку долго време поминат со една иста жена. Многуте заеднички искуства значат дека дел од нив носат и фрустрации, а мажите знаат тоа да го пренесат и во спалната и од таа причина сопругата да престане да ги возбудува. Други теоретичари велат дека проблем може да претставува тоа што со тек на времето сексот не им е приоритет на партнерите, дека другите обврски стануваат поважни од водењето љубов, настапува рутината и потоа се губи и сексуалниот интерес.
2. Моногамијата може да биде потешка за жените
Авторката Мелиса Дал тврди дека моногамијата може да им биде многу тешка и на жените поради тоа што постои една битна разлика помеѓу женското и машкото либидо. Имено, мажите имаат најсилен сексуален нагон во дваесеттите години, а кај жените тој врвот го достигнува во триесеттите и четириесеттите години. Затоа таа вели дека жените може да размислуваат за промена на сопругот со цел да извлечат максимум од нивното либидо.
3. Неверството е во нашата природа
Меган Ласлоки, авторка која исто така пишува за љубовта и сексот, тврди дека само 3-5% од цицачите се моногамни. Сите други животински видови изневеруваат, исто како и луѓето. Интересно е тоа што некои луѓе, како што е случајот и со некои животни, се раѓаат со вродена склоност кон изневерување која се должи на вродената склоност на одредена реакција на одредени хормони. Таа ја користи онаа клише реченица „Еднаш неверен, засекогаш неверен“, а нејзиниот аргумент говори дека има вистина во неа.