Зошто е толку тешко да се остави партнерот кој знаете дека не е вистинскиот за вас?

Зошто е толку тешко да се остави партнерот кој знаете дека не е вистинскиот за вас?

Лошите врски кои вклучуваат двајца некомпатибилни партнери не се случуваат одеднаш и на самиот почеток. Да беше така, и двете страни веднаш ќе сфатеа дека не се еден за друг и врската воопшто немаше да продолжи. Од друга страна пак, како што поминува времето така сè повеќе го откривате вашиот партнер и понекогаш дознавате нешта кои навистина не ви се допаѓаат. Но, сепак одлучувате да останете во оваа врска, иако знаете дека не е добра за вас. Па, зошто се случува тоа? Погледнете ги следниве клучни причини зошто раскинувањето на лошата врска е многу потешко одошто изгледа…

Зошто е толку тешко да се остави партнерот кој знаете дека не е вистинскиот за вас?

1. Се чувствувате како да сте вложиле премногу труд и време за да се откажете сега

Откако ќе започнете со одредена врска и ќе вложите многу труд во нејзиното одржување, крајот може да ви изгледа како да ја губите вашата инвестиција. Размислувањето дека сте потрошиле месеци или години од вашиот живот со погрешната личност понекогаш е премногу силно за да ви дозволи да ставите крај, дури и кога тоа би водело кон поголема среќа.

2. Сакате да бидете херојот во врската

Понекогаш еден од партнерите во врската се гледа како спасител на другиот. Вие почнувате да размислувате дека доколку ставите крај на врската, вашиот партнер ќе биде скршен и нема да може да се врати назад во животот. Но, вистината е дека не правите никому услуга со продолжувањето на врската во која не се чувствувате среќно. Со тоа што мислите дека го штитите срцето на вашиот партнер, вие всушност се уништувате себеси, како и вашата врска.

3. Секојдневно се убедувате дека оваа врска е тоа што навистина го сакате, иако тоа не е вистина

Ова размислување знае да направи многу проблеми. Станува збор за тенденцијата луѓето да ги преферираат информациите кои ги потврдуваат нивните хипотези без разлика дали информацијата е вистинита. Тоа значи дека откако ќе започнете со врската, вие ќе работите напорно да си потврдите дека таа е добар избор за вас. Оваа природна тенденција е од голема помош кога сме во добра врска, бидејќи ни овозможува да ги видиме позитивните страни кога поминуваме низ тешки времиња. За жал, може да направи голема штета кога се наоѓаме во токсична врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар