Зошто е потешко повторно да се заљубите во некој кој веќе ве повредил?

Зошто е потешко повторно да се заљубите во некој кој веќе ве повредил?

Проблемот со повредата во љубовта е тоа што таа никогаш не исчезнува и не можете да ја избришете од вашето сеќавање. Дури и да простите, никогаш нема да заборавите, па дури и да се одлучите за нов почеток, секогаш ќе паметите како претходно завршиле работите или каква била таа личност пред да бидете повредени.

Зошто е потешко повторно да се заљубите во некој кој веќе ве повредил?

Најпрво нема да го чувствувате тоа, затоа што сѐ уште ќе бидете возбудени од втората шанса што ја имате и ќе бидете среќни што универзумот повторно ви ја дава во животот личноста што ја сакате. Тогаш сѐ уште сте заслепени и се обидувате да дознаете колку личноста е променета и сте возбудени што повторно ќе ја запознавате. Тоа е во ред сѐ додека таа личност не направи нешто што ќе ве потсети на повредите од минатото и скршеното срце, нешто што ќе направи да сфатите дека тоа е почетокот на крајот и дека повторно сѐ ви се враќа, ве прогонува во текот на ноќта, прави да имате помалку доверба, вашиот ум почнува да ве предупредува дека повторно ќе бидете повредени и на крај вие ќе бидете будалата чиешто срце два пати е скршено од една иста личност. Кога ќе ви се појават овие чувства, ќе сфатите дека разбудената љубов никогаш нема да биде чиста, туку ќе биде обележана со крвта на старите рани и тоа ќе ви направи лузни. Ќе сфатите дека не можете вистински да ја сакате оваа личност и не можете да ѝ го дадете целото свое срце, затоа што кога претходно сте го направиле ова, тоа ви било скршено.

Проблемот со враќањето на иста личност која веќе ве повредила е тоа што таа е способна пак да го направи тоа, затоа што веќе знае на кој начин. А болката е многу поголема кога доаѓа од личност која веќе претходно ја предизвикала. Се заљубувате за да најдете радост во секојдневните моменти, но понекогаш, кога на некои личности им давате дополнителни шанси, вие станувате претпазливи, наместо да дозволите да се уживате во работите. Станувате тврдоглави, наместо чувствителни, повеќе ги тестирате и со тоа се намалува убавината која ја нуди љубовта.

Зошто е потешко повторно да се заљубите во некој кој веќе ве повредил?

Кога ќе сфатите дека работите никогаш повторно нема да бидат исти со таа личност, затоа што веќе порано ве повредила, можеби треба да им простите без притоа повторно да се заљубите, па да ѝ дадете шанса на некоја друга личност. Не дозволувајте погрешни луѓе да се задржат премногу долго во вашиот живот. Научете како да сакате повторно. Можеби треба да дадете први шанси, пред да ги дадете вторите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар