Зошто е подобро да посветите внимание на помалите цели отколку постојано да се фокусирате на големата слика?

Зошто е подобро да посветите внимание на помалите цели отколку постојано да се фокусирате на големата слика?

Секој може да постигне сè што сака ако е подготвен постојано да вложува напори. Еве зошто е подобро да посветите внимание на помалите цели наместо цело време да се фокусирате на големата слика. Тоа ќе ви помогне за кратко време да постигнете успех кој колку и да е мал сепак ќе ви биде поттик да продолжите да работите понатаму.

Зошто е подобро да посветите внимание на помалите цели отколку постојано да се фокусирате на големата слика?

1. Потребно е помалку време и енергија

Секогаш е полесно да се започне со помалите цели. Дали сметате дека е полесно да се напише книга од 300 страници или полесно е да се напишат само 1.000 зборови дневно? Се разбира, одговорот е очигледен. И бидејќи е полесно да се започне со малите секојдневни цели, вашиот отпор кон извршување на работата ќе биде намален и нема да ви биде потребна голема мотивација. Затоа е многу важно да се фокусирате на малите победи.

2. Го спречува ризикот од преоптоварување

Друга клучна причина зошто треба да се фокусирате на малите цели е затоа што на тој начин ќе го спречите преоптоварувањето. Една од главните причини зошто луѓето ги одложуваат работите е поради стресот при извршувањето на работата и нејзиниот обем. Тие едноставно се чувствуваат преоптоварени и затоа, тие избираат да ги одложуваат обврските. Меѓутоа, кога работните обврски се рамномерно распределени секој ден, нема да се чувствувате преоптоварени од нив.

3. Ја зголемува вашата самодоверба и мотивација

Замислете дека имате цели што треба да ги следите и знаете што треба да направите денес за да напредувате, но не правите ништо. Како ќе се чувствувате до крајот на денот? Потиштено и виновно, нели? Но, ако се држите до вашиот план, ако преземете акција и напредувате, како би се чувствувале? Веројатно би се чувствувале задоволни и мотивирани. Затоа што денес сте направиле нешто, затоа што напредувате и полека се движите кон вашите цели.

Откако прочитавте зошто е подобро да се фокусирате на малите цели, можеби ќе сакате да прочитате и како да инвестирате повеќе во себе за да постигнете личен напредок.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар