Зошто е опасен позеленетиот дел од компирот?
Сигурно досега имате забележано дека дел од компирот понекогаш позеленува. Тој дел од него е опасен по здравјето и не е пожелно да го јадете. Доволно е само да го отсечете и потоа можете да го зготвите другиот дел.
Зелениот дел од компирот е зелен поради тоа што содржи хлорофил, кој воопшто не е опасен, но е знак дека тој дел на компирот содржи поголеми количини на отровот соланин. Тој на компирот му служи за заштита од паразити и штетници, но е отровен и за луѓето. Сепак, тоа не треба премногу да ве плаши затоа што треба да изедете неверојатно многу зелен компир за да ви се слоши и да повраќате. Човек кој тежи само 50 килограми треба да изеде дури 8 килограми од овој зеленчук за да почувствува нешто, но добро е да се знае дека овој дел не е добар за телото.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.