Зошто е најтешко да се биде во врска со добар маж?
Тешко е да се љуби добар маж. Добриот маж не е само добар човек. Тој секогаш ќе прави убави работи за вас за да ви ја докаже неговата љубов. Љубезноста е дел од неговиот ген и морален код. Тој знае кои се вистинските животни вредности и никогаш не отстапува од своите лични стандарди. Добриот маж секогаш го прави она што е добро за него.
Тој никогаш нема да ве излаже за да ве поштеди од болните чувства, напротив, тој може да стори многу работи што ќе ве налутат и повредат. Но, најверојатно нема да можете да му се налутите, бидејќи знаете колку е добар.
Добриот маж ќе одговори на повикот од неговата поранешна девојка додека е со вас, бидејќи нема што да крие. Тој знае дека најверојатно се работи за нешто итно, па затоа нема да ја игнорира и ќе биде подготвен да ѝ помогне, дури и да не се согласувате со тоа.
Добриот човек секогаш ги става потребите на неговите пријатели и семејството пред неговите, дури и тогаш кога тие се однесуваат манипулативно и себично. И покрај нивните недостатоци, тој секогаш ќе им биде лојален.
Во денешно време кога речиси сите луѓе лажат и не си го покажуваат вистинското лице, искреноста и отворената комуникација на добриот маж е вистински благослов, дури и тогаш кога боли. Тешко е да се биде во врска со добра маж, но во овој свет на лаги, неверства и манипулации, голема среќа е доколку најдете и успеете да задржите таков човек.
Тој се грижи за семејството и неговата партнерка. Тој е нежен, знае како даде утеха, благодарен е за малите работи во животот и е отворен кон новите искуства што би можеле да му го отворат патот кон уште поголеми успеси. Многу е тешко да се преболи ваков човек поради сите негови доблести.
Добриот маж ќе ве промени, бидејќи ќе уживате покрај него. Со часови ќе водите длабоки разговори и во тие моменти ќе сфатите дека тој не поминува време со вас затоа што нема попаметна работа, туку затоа што навистина го интересира вашето мислење.
Тој ќе ви ги постави критериумите на толку високо ниво, што секој нареден маж нема да ви се чини доволно добар за вас. Тешко е да се биде во врска со таков притисок. Иако ќе ви биде помалку здодевен и напорен со сите негови грижи, здрави навики и љубезни гестови, нема да можете да му замерите.
Но, можеби не се работи за неговата добрина, туку за фактот што никогаш претходно не сте сретнале толку добар маж. Можеби ќе го споредувате со новите партнери. Немојте да се зачудите доколку сѐ уште го помните неговиот датум на раѓање иако сте раскинале пред една година.
Сигурно имало моменти кога тој се обидел да ве заштити од одредени болни емоции и моменти кога не сте можеле да ги скриете вашите чувства, бидејќи тој знаел како да ги извлече од вас со неговата добрина.
Тешко е да се пронајде добар маж, но уште потешко е да се биде во врска со таков човек,. Доколку врската се распадне и треба да раскинете, загубата е неподнослива. Невозможно е да се замисли ниту да се прифати таква загуба. Дали сте подготвени да ја прифатите љубовта на добриот маж, знаејќи дека постои можност еден ден да ја изгубите? Дали сте подготвени секој ден да живеете во страв? Дали сте подготвени да љубите добар маж?
Доколку имате добар партнер, но сепак се чувствувате вознемирено, прочитајте како да ја надминете несигурноста во врската.