Зошто е добро секојдневно да јадете бразилски ореви?

Зошто е добро секојдневно да јадете бразилски ореви?

Доколку сте одлучиле да се храните здраво и да го промените начинот исхрана, тогаш во вашето мени треба да се наоѓаат и бразилските ореви.

Зошто е добро секојдневно да јадете бразилски ореви?

Познато е дека бразилските ореви се одличен природен извор на селен, а истовремено содржат и здрави масти, протеини, хранливи влакна, магнезиум, фосфор, манган, бакар, цинк, тиамин и витамин Е.

Селенот е важен минерал за функционирањето на целиот организам, а недостатокот од оваа состојка резултира со намален имунитет, неплодност, нагли промени во расположението, а дури и се зголемува ризикот од појава на малигни заболувања.

Експертите истакнуваат дека со само два бразилски ореви дневно можете да ја обезбедите препорачаната дневна доза за селен.

Покрај тоа што е богат со селен, бразилскиот орев е одличен и за лекување и превенција на болести на штитните жлезди. Бразилскиот орев содржи и многу антиоксиданси, па ги спречува воспаленијата и ги штити клетките од оштетување.

Овој плод е одличен и за превенција на кардиоваскуларни болести, ја подобрува меморијата и го намалува ризикот од Алцхајмерова болест.

Количеството бразилски ореви треба да биде ограничено бидејќи претераната консумација може да биде токсична и опасна по здравјето. Според експертите, најдобро е да консумирате 1 до 3 бразилски ореви дневно. Доколку имате какви било алергии, најдобро е да се консултирате со лекар пред да го внесете бразилскиот орев во вашата исхрана.

Погледнете и кои се намирниците што го подмладуваат вашиот организам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар