Зошто е добро да поставувате цели во врската?

Зошто е добро да поставувате цели во врската?

Љубовта е романтична, топла и забавна, но тоа што обично не го поврзуваме со романтичните врски е достигнувањето.

Зошто е добро да поставувате цели во врската?

Има нешто во комбинирањето на целите, напредокот и достигнувањето со врските што им е одбивно на луѓето. Во овој случај се чувствуваме како да сме прекршиле некој свет закон за зачувување на чистата љубов.

Ова размислување ве тера и да верувате дека врските треба да бидат како совршено попладне поминато на плажа. Вистината е дека врските се како луда железница и понекогаш не можете да се задржите на шините. Потребно е напорно работење за здрава врска, а колку повеќе работите, толку посилна станува врската.

Зошто поставувањето цели во врската може да биде нешто добро?

Целите во врската се заеднички цели што ги споделуваат партнерите со цел да подобрат некој аспект од нивната врска, како на пример:

  • Подобрување на комуникацијата така што и двајцата се чувствуваат слушнати и сакани.
  • Безусловна поддршка.
  • Спречување на расправите за одредено нешто што постојано поттикнува конфликт.
  • Градење подобра врска со родителите на партнерот.
  • Станување поздрави или поактивни заедно.

Поставувањето цели во врската ќе ви помогне да се фокусирате на напредокот на врската, наместо на крајната цел. Многу врски слабеат откако партнерите ќе стапат во брак, бидејќи постои нереално верување за тоа што треба да се случува во бракот. Често партнерите веруваат дека бракот бил некоја неверојатна крајна цел којашто ќе трансформира сè и ќе ги направи совршено среќни.

Но, врските се исто како и животот – бараат постојан и долгорочен труд за да останат здрави и цврсти. Целите во врската не само што постојано ќе ја подобруваат врската, туку го насочуваат вниманието кон самиот напредок. Ова е важно бидејќи се чувствуваме среќно кога напредуваме. Колку сме среќни во даден момент зависи директно од тоа колку мислиме дека напредуваме. Доколку имаме чувство дека постои напредок во приватниот и во професионалниот живот, речиси секогаш сме среќни.

Како да се поддржувате еден со друг и како да ги постигнете целите во врската?

Ако сакате да им дадете шанса на целите во врската, добро е да знаете како да се поддржувате еден со друг додека работите на тоа.

  • Осигурете се дека сте усогласени: И двајцата треба да ги знаете вашите лични цели, покрај оние во врската и да ги поставувате заедничките според нив.
  • Направете систем за одговорност: Потребно е да бидете одговорни кон себе и еден кон друг, бидејќи во спротивно нема да ги исполните вашите цели. Секогаш треба да го оценувате вашиот перформанс и напредок и да ги правите потребните промени.
  • Осигурете се дека целите ве прават среќни: Вашите цели треба да прават да се чувствувате подобро и посреќно со себе и со врската. Ако не ве прават посреќни, тогаш која е целта?
  • Направете ги целите остварливи и мерливи: Вашите цели треба да бидат мерливи, односно јасно да знаете кога сте ги постигнале и кога не сте ги постигнале. Исто така треба да бидат и остварливи. Потребно е да напредувате, но не и да се обесхрабрите поради некоја недостижна цел.
  • Славете ги достигнувањата: Доколку сте направиле големо достигнување или сте забележале некаков напредок, прославете го за да се охрабрите да продолжите со напорната работа.

Врските бараат многу работа. Но ако го сакате вашиот партнер и ако сакате да го поминете животот со него, потребно е да ги преземете потребните мерки за да ја направите врската силна. Поставувањето цели во врската е одлична алатка за тоа.

Погледнете и кои се значајните цели во врските кои не се поврзани со веридба или свадба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар