Зошто е добро да бидете себични?
Сите можеме да се согласиме дека општеството му „закачило“ негативна конотација на зборот себичен. Овој збор најчесто се користи за да се каже дека некој се грижи повеќе за себе отколку за партнерот, детето, родителот или пријателот. На некој начин, вие сте лоша личност ако се грижите за вашите потреби и желби.
Сите сме себични и тоа е добро
На крајот на денот, секоја личност е себична, бидејќи можеме да стигнеме до некоја ситуација само од наша гледна точка. Го гледаме светот како сума од нашите минати искуства. Ова е природно и така сме дизајнирани. За да бидете исполнети и да бидете овде за семејството, пријателите, кариерата, општеството и светот, потребно е да се грижите за себе.
Себичноста може да се опише и како грижа само за себе. Важно е да се чувствувате исполнети и добро во врска со себе. Не да имате големо его, туку да бидете задоволни со вас. Никој друг не може да ви го даде тоа.
Покрај тоа, најважната врска во животот е онаа што ја имате со себе. Без разлика што ви велат другите, факт е дека ќе бидете со себе до крајот на вашиот живот. Не можете да го давате она што го немате, а кога сте фокусирани само на другите ќе почнат да се појавуваат гнев, раздразливост, фрустрации и намалена енергија. На овој начин нема да можете да им пружите љубов и на другите.
Како да си дозволите да бидете исполнети?
Кога ќе си дадете дозвола да правите убави нешта за себе, им давате дозвола и на другите да го прават тоа. Можете да медитирате, да се откажете од преработената храна, да пиете повеќе вода, да се движите, да се поврзете со природата или што било што ви причинува задоволство.
Колку помирно се чувствувате, толку полесно ќе се поврзете со вашето внатрешно јас. На овој начин ќе ги подобрите врските со сите и најважно, врската со себе.
Погледнете и во кои ситуации е во ред да бидете себични.