Зошто доверувањето на партнерот по секс може да биде катастрофална грешка?

Зошто доверувањето на партнерот по секс може да биде катастрофална грешка?

Ви се случило ли некогаш, по интимниот чин, да се чувствувате толку блиски со партнерот, па да му ги доверите дури и своите најскриени тајни од животот? Според психолозите, не треба да го правите тоа, колку и да е вашата врска цврста и стабилна. Особено можете да згрешите доколку сте на почетокот на врската, па во иднина да зажалите што толку лесно сте се отвориле пред партнерот.

Зошто доверувањето на партнерот по секс може да биде катастрофална грешка?

Затоа, најдобро е да се воздржите од длабоки разговори со партнерот веднаш по сексот. Близината која тогаш се создава може да создаде лажна или привидна доверба дека можете сè да му кажете. Но, доколку се работи за нешто што не би му го кажале или признале во нормален разговор, тогаш тоа не треба да биде споделено ниту во креветот.

Многумина згрешиле, бидејќи на овој начин успеале да откријат информација за пријател која требало да остане тајна, или пак да споделат семејни проблеми кои се пречувствителни. Секогаш постои ризик доколку врската прекине на лош начин, овие податоци да бидат искористени против вас, особено во состојба на бес и афект поради прекинувањето.

Поради ова, бидете резервирани и внимателни. Сепак, креветот не е место каде што вашите најдлабоки тајни треба да бидат откриени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар