Зошто добрите мајки не смеат да им кажуваат на ќерките да бидат добри девојчиња?

Зошто добрите мајки не смеат да им кажуваат на ќерките да бидат добри девојчиња?

Една мајка решила да го сподели ова писмо со целиот свет, за да се обиде да им помогне на многуте родители ширум светот да го сменат размислувањето во однос на изјавата „Биди добро девојче“. Таа на потешкиот начин ја научила негативната страна од оваа често употребувана изрека и сака да спречи што е можно повеќе девојчиња да поминат низ истиот пекол. Прочитајте го нејзиното писмо и размислете како разговарате со вашата ќерка, бидејќи најчесто, токму зборовите за кои не сте свесни дека ги изговарате, можат да имаат најголемо влијание на нејзиниот живот.

zoshto-dobrite-majki-ne-smeat-da-im-kazhuvaat-na-kjerkite-da-bidat-dobri-devojchinja-www.kafepauza.mk

Јас веќе ја научив оваа приказна за неа, на потешкиот начин. „Биди добро девојче“, ѝ реков на ќерка ми додека ја прегрнував утрово. Како што ја бакнав на образот, зборовите ми одекнаа во потсвеста и одеднаш се сетив на моментот кога рацете ми беа приклештени зад грб, додека истите зборови беа изговарани во моето уво.

„Биди добро девојче и прави го тоа што ќе ти го кажам.“

Имав 14 години и бев во оној период од животот размислував како дете, а изгледав како жена. Тој ги искористи овие зборови кога ме турна во самиот крај на семејниот базен и ме приклешти покрај плочките со убав цветен дизајн.

„Биди добро девојче и прави го тоа што ти го кажувам.“

Тоа и го сторив. Токму затоа и до овој ден, миризбата на хлор ми прави да се чувствувам лоши.

Постои причина зошто фразата „биди добар/добра“ е често слушната од страна на жртвите на сексуална злоупотреба – таа нè замолчува. Кога прв пат ги чув овие зборови? Не можам да се сетам – тие се вградени во мојата генетска меморија преку бајките и приказните за добра ноќ.

Добрите девојчиња го прават тоа што ќе им се каже. Тие ги следат правилата. Тие ги слушаат возрасните. И јас го правев токму тоа. Ја подигнував раката пред зборување. Не се сомневав во авторитетите. Не се борев, не гризев, ниту пак викав кога ме турнаа на крајот од базенот. Бев добро девојче.

И еве сега, кога ми е вклучен родителскиот автопилот, јас ги користам овие зборови на ќерка ми. Моето мало девојче со розови образи и сјајни очи, со прекрасни бронзени кадрици што отскокнуваат на краевите, со буцкасти колена и прсти на пијанист. Моето мало девојче што кимнува со главата и го прави тоа што ќе ѝ се каже.

Затоа решив да ја исфрлам оваа фраза од употреба. Не ѝ посакувам на мојата ќерка да копнее да направи нешто, но да се спречи затоа што е „добро девојче“. Сакам да биде нежна, храбра, искрена… сакам да им се спротивстави на другите и да живее со сочувство. И сакам секогаш да го преиспитува она што ја учат – како другите, така и јас. Бидејќи многу предатори се обидуваат да ги искористат овие зборови за да ги „уловат“ нашите деца, ние мора да ги научиме како да зборуваат гласно, да ги преиспитуваат правилата и да бидат отпорни.

Затоа уште еднаш ги обвив рацете околу неа и повторно ја бакнав, велејќи ѝ: „Знаеш што? Заборави на тоа да бидеш добра. Тие веќе си нежна, храбра и сочувствителна. Имај убав ден, поставувај многу прашања и едноставно биди онаа што си. Одлично ќе си поминеш!“

Како поранешно добро девојче, што сега се обидува да биде добра мајка, се надевам дека таа никогаш нема да треба да ја научи онаа лекција што јас ја научив на потешкиот начин.

„Ти го чувам грбот и ти верувам. Не дозволувај никој не ја дефинира твојата добрина, ти си одлична токму онаква каква што си“, прошепотив додека таа си заминуваше.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар