Зошто децата се однесуваат различно на училиште и дома?
Не е невообичаено децата да се однесуваат поинаку во различни средини. Кога ќе забележите дека децата се однесуваат поинаку дома и на училиште, треба да обрнете внимание на тоа. Родителите понекогаш се збунети и вознемирени од неочекуваното однесување на децата.
Можеби сте забележале дека вашите деца се повеќе нервозни дома, а во исто време, тие немаат никакви проблеми на училиште со своите врсници или наставници. Психолозите објаснуваат дека домот на детето е прибежиште, па затоа е можно тоа да ги исфрли целата негативна енергија и сите натрупани фрустрации врз блиските луѓе. Овој модел е евидентен и кај постарите лица, кои целото незадоволство од работата го пренесуваат на луѓе од непосредната околина. Кога ќе се случи тоа, детето треба да остане само некое време, а еден час или два потоа, можете да зборувате за тоа како го помина денот и што го вознемири.
Постојат и обратни случаи кога детето е љубопитно дома, а кога ќе отиде на училиште станува затворено и молчеливо. Психолозите објаснуваат дека на детето му треба време да се приспособи или нешто не му одговара на училиште. И тука треба да се одржи разговор, и со детето и со наставникот, за да се види проблемот од неколку агли.
Модерното школување може да биде доста брзо, но да не заборавиме, тие уште од рана возраст учат дека постои конкуренција и дека треба да се истакнуваат со своето знаење. Детето мора да ги следи упатствата и да биде во тек, дури и кога не е расположено за тоа. Очекувањата продолжуваат дома, особено кога детето ќе порасне, а со тоа добива повеќе одговорности. Во исто време, пубертетот може да биде прилично бурен, така што детето се соочува со тешки и нови предизвици.
На детето му треба многу разбирање, но и почит. Во еден момент треба да бидете авторитет, а во друг треба да бидете пријателски расположени, така што детето нема да се затвора во себе. Родителите знаат дека ова се предизвикувачки периоди, но со трпеливост и многу разговор, сè може да се среди.
Психолозите ве советуваат да бидете вклучени во животот на детето, колку што дозволува возрасното дете. Без оглед на возраста, треба да негувате добра врска и да се обидете да имате што повеќе заеднички активности. Еден од советите е да бидете активни во разговорите со професорите, но и со родителите на другите деца. Кога ќе видите дека вашето дете е премногу уморно или има тешки задачи, избегнувајте да му давате дополнителна работа дома. Исто така, важно е детето да разбере дека овие обврски сè уште постојат, но да го почитувате неговото време за одмор и релаксација.
Прочитајте и што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?