Зошто да се одлучите за студирање во странство?
Студирањето во странство е искуство кое ве менува, ве прави независни и ве насочува кон искористување на сите скриени потенцијали. Еве кои се и другите добри причини зошто треба да се одлучите на ваков потег, доколку сѐ уште се двоумите.
Запознавање нови култури
Запознавањето на нова култура е можеби најдобрата причина за студирање во странство. Ќе имате пристап до нивната специфична храна, музика, уметност, јазик и вредности, што е огромна привилегија, можност за учење нови нешта и посебно искуство.
Учење на нов јазик
Учењето јазик на курс е сосема поинакво од престојувањето во самата земја каде што еден јазик се зборува. На овој начин, ќе го изучувате јазикот од говорители на кои тој им е мајчин, а истовремено ќе морате да комуницирате и да се снаоѓате, сакале или не.
Стекнување нови пријатели
При студирањето во странство запознавате многу различни луѓе и карактери. Во текот на вакви животни искуства, се среќаваат можеби и најдобрите пријатели што некогаш ќе ги стекнете. Можеби стравот од непознатото на почетокот е голем, но подоцна секако ќе се исплати.
Можност за нова љубов
Запознавање на ново момче или девојка е многу веројатно во вакви ситуации. Можеби нема да трае долго, но сепак ќе го збогати целото ново искуство. Секако, постојат и случаи кога токму таа личност е и идниот животен партнер. Никогаш не се знае. Во секој случај, тоа е убав и посебен момент вреден за радување.
Стекнување нови вештини
Седењето на предавања нема да ве научи како да комуницирате со луѓето, како да поминете преку тешки ситуации, да искористите нова шанса или пак да решите некој проблем. Секако, некои од овие вештини сте ги стекнале преку групни проекти и тимска работа, но сепак, тоа е неспоредливо во однос на животните вештини што ги стекнувате додека сте сами во странство.
Себеспознавање
Можеби секогаш сте биле во сенка и никогаш не сте биле сами на некое патување со непознати луѓе. Учењето во странство претставува шанса да се спознаете себеси и секако, да се промените на подобро. Така учите да се грижите за себе без помошта на родителите или пријателите. Сфаќате дека сте доволно зрели, дека можете да се вклопите и да успеете. Станувате посилни и посамоуверени.
Поголеми шанси за вработување
Преку студирањето на странски универзитет си ја збогатувате и кратката биографија. На работодавецот му покажувате дека сте независни, мотивирани, дека прифаќате предизвици и дека можете да се прилагодите на секаква ситуација.
Нов поглед на светот
Среќавањето нови луѓе и запознавањето со нова култура, веднаш ќе ве натера да го гледате светот поразлично. Ќе сфатите дека секоја земја е посебна на свој начин. Ќе почнете да ги цените нивните различни верувања, вредности, однесување, кои можеби и ќе ви се допаднат.
Продлабочено знаење
Секако, она што е важно при студирањето во странство е и стекнувањето на нови, продлабочени знаења за она што веќе сте го изучувале во изминатите години. Ќе имате можност да запознаете одлични странски професори од кои сигурно ќе научите многу нешта и можеби ќе ве инспирираат за уште поголеми достигнувања.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Nikade vo ovaa statija ne vidov barem edna recenica na tema finansii. Dali e ova samo bukvalno preveduvanje na nekoja statija? Vprocem eve web link za edna stranica sto recisi podsetuva na ovaa zbor do zbor.
http://www.vistawide.com/studyabroad/why_study_abroad.htm
Ako e ova nameneto za citateli vo Makedonija, bi bilo interesno da se stavat dvete strani na studiranje vo stranstvo. Site ovie pricini se prekrasna pozitivna rabota, megutoa finansiskata sostojba na citatelite ke bide poveke od 50% resavacki faktor. Mozebi avtorkata zaboravila deka preveduva na makedonski jazik i za makedonski citateli.