Зошто да чувате мачка?
Мачките се неверојатно слатки, мили и нежни суштества. Постојат многу причини зошто да чувате едно такво животинче дома. Еве некои од најинтересните.
Имаат меко крзно
Една од најдобрите причини зошто да чувате маче е нивното убаво, меко крзно. Тие се толку нежни и рунтави што едноставно не може да им се одолее. Ќе сакате цело време да ги гушкате и да си играте со нив. Едноставно се прекрасни.
Лесни се за одржување
Мачките се многу лесни за одржување. Тие се одлични за луѓе кои се премногу зафатени. Вие само ставете им доволно храна, тие самите се негуваат, си ги средуваат ноктите и се мијат.
Независни се
Добрата работа кај мачките е што не мора секогаш да сте со нив. И да излезат надвор, паметните мачки секогаш ќе се вратат дома кога ќе бидат гладни. Затоа, нема потреба од грижи.
Мирни чувари
Мачките имаат остри нокти, опасни очи и изострен слух на кој ништо не може да му избега. Можеби нема да ве разбудат со силен лаеж, но бидете сигурни дека држат сѐ под контрола.
Сакаат да си играат
Мачките навистина сакаат да си играат. Тие на новиот, убав кауч гледаат како на ново место за истражување и играње, а секој предмет што им изгледа интересен, веднаш станува нивни плен.
Мрзливи се
Мачките се доста мрзливи суштества. Тие само зеваат, спијат, јадат и уживаат во топлата атмосфера на домот. Никако не смеете да им бидете љубоморни на тоа.
Сакаат да се галат
Мачките уживаат да се галат, а најмногу ценат кога тоа го прават со вас. А, ако вие не сте расположени, ви го земаат мобилниот, далечинскиот управувач или што и да користите во моментот, само за слатко да ве нервираат.
Дружељубиви се
Мачките се многу опуштени животни. Не мора да се грижите ако донесете уште некој папагал или кученце дома. Тие веднаш ќе се приспособат на новата ситуација и срдечно ќе ги прифатат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.